Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Времен режим на сообраќај в недела во Битола, за трката Трчај бе на 3 септември 2024

2 сеп. 2023 г.·2 мин читање·2073 прегледи

Следете не на Viber

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2023, во чии рамки годинава ќе се одржи и Балканското и државното првенство во полумаратон, на ден 3.9.2023 година (недела) во Битола, во временскиот период од 07,00 до 12,00 часот ќе преземе мерки на посебен режим на сообраќај на следните релации:

-Старт на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула – „Бул. 1-ви Мај“ од страната на Музичко училиште се до кружниот тек кај Педагошка – улица „Генерал Васко Карангелевски“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро – улица „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик (ул. „Довлеџик“ која води кон Вила Молика ќе биде слободна) – Бул. „1-ви Мај“ од страната на Општина Битола – ул. „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие – ул. „Батаљон Стив Наумов“ – ул. „Прилепска“ од кружниот тек кај Дулие до ул. „4-ти Ноември“ – ул. „4-ти Ноември“ до крстосницата со ул. „Солунска“ и обиколницата – ул. „Солунска“ до ул. „Широк Сокак“ Од Широк Сокак од ул. „Солунска“ до стартот на трката кој воедно е и цел.

Цел на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула.

Апелираме до граѓаните паркинг местата кај Плоштад Магнолија односно Саат Кула и на ул. Солунска кај Широк Сокак да бидат слободни во недела наутро со цел непречено движење на тркачите меѓу кои ќе има и репрезентативци на повеќе земји.

Предвидени се доволно алтернативни рути и полициски службеници кои ќе го контролираат сообраќајот.

Во случај на итност (медицинска помош, полиција, противпожарна служба) повикајте ги надлежните служби.

Здружението „Трчај бе“ кое е организатор на настанот однапред се заблагодарува на сите Битолчани за нивното разбирање за овој голем спортски настан и ве повикува на бодрење на тркачите.

Клучни зборови

  • трчај бе
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk