Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Времен режим на сообраќај в недела во Битола, за трката ТРЧАЈ БЕ

Пари·3 сеп. 2022 г.·3 мин читање

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2022, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 04.09.2022 година (недела) во Битола, во временскиот период од 07,00 до 12,00 часот ќе преземе мерки на посебен режим на сообраќај на следните релации:

– Старт на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула

– „Бул. 1-ви Мај“ од страната на Музичко училиште се до кружниот тек кај Педагошка

– улица „Генерал Васко Карангелевски“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро

– улица „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик (ул. „Довлеџик“ која води кон Вила Молика ќе биде слободна)

– Бул. „1-ви Мај“ од страната на Општина Битола

– ул. „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие

– ул. „Батаљон Стив Наумов“

– ул. „Прилепска“ од кружниот тек кај Дулие до ул. „4-ти Ноември“

– ул. „4-ти Ноември“ до крстосницата со ул. „Солунска“ и обиколницата

– ул. „Солунска“ до ул. „Широк Сокак“

Од Широк Сокак од ул. „Солунска“ до стартот на трката кој воедно е и цел.

Цел на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула

Апелираме до граѓаните паркинг местата кај Плоштад Магнолија односно Саат Кула и на ул. Солунска кај Широк Сокакда бидат слободни во недела наутро со цел непречено движење на тркачите меѓу кои ќе има и репрезентативци на повеќе земји.

Предвидени се доволно алтернативни рути и полициски службеници кои ќе го контролираат сообраќајот. Во случај на итност (медицинска помош, полиција, противпожарна служба) повикајте ги надлежните служби.

Здружението „Трчај бе“ кое е организатор на настанот однапред се заблагодарува на сите Битолчани за нивното разбирање за овој голем спортски настан и ве повикува на бодрење на тркачите.

Клучни зборови

  • трка
  • трчај бе
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk