Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Во Шпанија, на младите ќе им се плаќа 250 евра месечно за да престанат да живеат со своите родители

11 окт. 2021 г.·2 мин читање·1361 прегледи

Следете не на Viber

Младите луѓе во Шпанија треба да добијат пари за да се иселат од домот на своите родители и да можат да платат кирија на друго место, изјави премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

Санчез ја предводи оваа влада во која е левичарската коалиција и тој предложи месечно да се плаќаат 250 евра на млади луѓе на возраст од 18 до 35 години кои заработуваат помалку од 23.725 евра годишно, за да им помогне да платат кирија за стан.

Други предлози, исто така, вклучуваат ограничување на износот на киријата за оние сопственици кои поседуваат повеќе недвижен имот, за да им помогне на ранливите семејства и младите да платат кирија во големите градови.

„Потребни ни се кохезивни и одржливи градови чисти и погодни за еманципација на младите луѓе“, рече Санчез на првиот шпански форум за урбанизација, конференција за домување организирана од Министерството за транспорт, мобилност и урбанизација.

Недвижностите во Шпанија се познати по високата цена, и сe повеќе млади луѓе се принудени да живеат со своите родители, бидејќи кириите се прескапи, платите се ниски, а стапката на невработеност е висока. Во просек, луѓето во Шпанија го напуштаат домот на своите родители на возраст од 30 години, додека во ЕУ просекот е 26,4 години.

Законот беше предложен во време кога Европејците се соочуваат со растечка криза, од Лондон до Берлин. Овој месец, Берлин гласаше за одземање станови од сопствениците кои имаат многу недвижен имот со цел да се справат со зголемените кирии, потег што може да врати до 240.000 станови на државата.

Овој закон што го предлага Санчез допрва треба да се објави, и дури тогаш за тоа ќе одлучат претставниците во парламентот, чие одобрување би го ставил овој закон во сила.

Клучни зборови

  • Педро Санчез
  • Шпанија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk