Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Во ТИРЗ до крајот на годинава очекуваат 400 милиони евра инвестиции и нови 5.000 работни места

14 јул. 2022 г.·3 мин читање·1275 прегледи

Следете не на Viber

Во првите шест месеци од годинава обемот на инвестиции е околу 240 милиони евра, отворени се нешто под 3.000 нови работни места, а реализирани се и 2,2 милиона евра вкупен извоз, 18 милиони евра приход за државата од персонален данок, 91 милион евра од придонеси и 18 милиони евра од ДДВ, соопшти директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски.

До крајот на годината, информира Деспотовски, се очекуваат инвестиции „тешки“ над 400 милиони евра кои ќе отворат преку 5.000 работни места

Деспотовски истакна и дека се во завршна фаза разговорите за две нови инвестиции за што очекува детали да бидат соопштени до крајот на летото, а во почетокот на следната недела доаѓа делегација од американско-тајванската компанија со чии претставници веќе се направени подготвителни разговори.

– Конкуренцијата е доста сериозна. Станува збор за голема инвестиција, спомнав некаде над 250 милиони евра, така што ќе работиме до крајот на годината, бидејќи најавите од компанијата се до крајот на оваа година да има конечна одлука за тоа дали ќе се избере прво регионот во однос на Кина, а доколку се избере регионот дали тоа ќе биде Северна Македонија, Србија или Хрватска, нагласи директорот, одговорајќи на новинарски прашања.

Според него, минатата година просекот на платите во зоните првпат го надмина националниот просек.

-Дали се платите на задоволително ниво? Мојот став е дека не се. Сакам и очекувам и ќе работиме на тоа да растат уште подинамично. Добро е тоа што во Европа има компании кои се подготвени да платат и 30 проценти повисока плата од просечната, зборуваме за почетна позиција на работно место со средно образование, така што сметам дека имаме можност со паметен пристап и со развој понатаму не само кај постојните компании да поттикнеме дополнителен раст на платите, туку и во зоните да донесеме компании кои реално имаат можност заради дејноста што ја вршат, да плаќаат навистина поголеми износи, истакна Деспотовски.

На прашањето дали има доволно работна сила за фабриките во зоните, тој одговорни потврдно, изразувајќи уверување дека во некој краток или среден рок се уште ќе може да се одговори на потребите на компаниите.

-Се уште има, иако мислам дека не сме многу далеку од моментот кога ќе се соочиме реално со недостаток. Сега зборуваме за неколку крупни инвестиции што ги планираме до крајот на оваа година, тежината е некаде над 400 милиони евра и кои ќе ангажираат сигурно над 5 000 работни места. Тоа значи дека и со постојните кои се уште имаат работни места што треба да се пополнуваат, реално ќе се направи притисок на пазарот на трудот. Верувам дека имаме се уште резерви, дека има добар дел од младите луѓе кои се уште можеби не целосно ги согледуваат можностите што ги нудат компаниите во зоните, така што ќе се обидеме тие можности да ги донесеме што е можно поблиску до нив, рече директорот. 

Клучни зборови

  • Јован Деспотовски
  • ТИРЗ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk