Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Во Струмица отворен Хаб за едукација и професионален развој

8 ное. 2022 г.·3 мин читање·877 прегледи

Следете не на Viber

На 4ти ноември 2022 година во Струмица беше отворен и промовиран “Up Hub” – Хаб за едукација и професионален развој.

На промоцијата на “Up Hub” беа претставени четирите генерални програми кои што имаат за цел вмрежување, соработка, професионален развој и менторство, како и конкретните активности преку кои истите ќе бидат реализирани.

“Up Hub” е сместен во градскиот трговски центар „Глобал“ и активностите кои се спроведуваат во рамките на хабот се финансирани преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Македонија

Програми на Up Hub: Четирите генерални програми на Up Hub се “Meet Up” програмата за вмрежување на сите чинители, “Team Up” програмата за соработка со бизнис секторот и фриленсери од Југоисточниот регион, “Skill Up” програмата за личен професионален развој и “Level Up” програмата за менторство и индивидуални консултации.

Следни активности на Up Hub: Од “Up Hub” најавуваат дека првите конкретни активности за вмрежување и професионален развој ќе бидат спроведени во текот на месец ноември 2022 година.

Следните “Meet Up” настани во “Up Hub” ќе се случат за време на глобалната недела на претприемништвото (од 14ти до 17ти ноември) кога повеќе искусни говорници од државата и странство ќе одржат предавања на теми од интерес на заедницата.

Во рамки на “Теам Up” програмата која ќе започне во декември оваа година, “Up Hub” ќе понуди бесплатен работен простор за фриленсери на определено време, како и ќе ицицира соработка со повеќе компании од регионот.

“Skill Up” програмата започнува во јануари 2023 година, со првиот бесплатен тренинг модул за „Дигитален маркетинг“ наменет за сите млади лица кои имаат желба и потреба од професионална едукација и усовршување во оваа област, додека конкретните активности во “Level Up” програмата ќе започнат во текот на 2023 година.

https://pari.gw.mk/wp-content/uploads/2022/11/UpHub-video-kor.mp4

Запознај се со Up Hub: Покрај активностите во рамките на четирите генерални програми, “Up Hub” ќе организира и различни видови настани – инфо сесии и отворени денови, на кои заинтересираните чинителни директно ќе добијат информации за можностите за вмрежување, соработка, професионален развој и менторство.

 

Клучни зборови

  • Up Hub
  • Струмица
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk