Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Во Народната банка презентирана Анкетата за работењето на надзорните одбори на банките

19 авг. 2022 г.·3 мин читање·10179 прегледи

Следете не на Viber

Членовите на надзорните одбори во банките покажуваат релативно високи познавања за својата улога во целиот процес на корпоративно управување со банките. Најголем дел од испитаниците сметаат дека нема потреба од измени на поставеноста на регулативата за добро корпоративно управување и регулативата за управување со ризиците. Повеќе од половина од испитаниците се изјаснуваат дека банката има стратегија за дигитализација. Дел посочуваат на потребата од поголема родова застапеност, со оглед на тоа дека застапеноста на жените во надзорните одбори е малку под 25%. Ова се дел од одговорите од Анкета за работењето на надзорните одбори на домашните банки што ја спроведе Народната банка со цел да се согледаат одредени аспекти поврзани со надлежностите и улогата на надзорните одбори, а којашто беше презентирана денес пред членови на надзорните и управните одбори на банките во земјата. Инаку, вакви анализи спроведуваат повеќе централни банки, вклучувајчи ја и Европската централна банка.

Ефикасното корпоративно управување на банките е основен предуслов за стабилноста на банкарскиот систем. Тоа го потврдуваат и податоците за банкарскиот систем, кои покажуваат дека солвентноста, ликвидноста и квалитетот на кредитното портфолио на вкупниот банкарски систем во континуитет се одржуваат на стабилно и солидно ниво. Согласно со првичните податоци со крајот на јуни, стапката на адекватност на капиталот изнесува 17,3%, а учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансискиот сектор е ниско и изнесува 3,2%. Показателите за ликвидноста и натаму се на задоволително ниво и упатуваат на соодветно управување на банките со ликвидносниот ризик.

Одговорите на Анкетата покажуваат висок степен на запознаеност на членовите на надзорните одбори со барањата на регулативата за корпоративното управување и регулативата за управување со ризиците, постапувањето во случаите на постоење судир на интереси и политиката на наградување. Исто така, од одговорите на Анкетата може да се согледа дека значаен дел од членовите на надзорните одбори немаат дополнителен ангажман во други институции или имаат дополнителен ангажман во обем којшто не ја нарушува нивната способност да можат да посветат доволно време во извршувањето на обврските коишто произлегуваат од членството во надзорниот одбор.

Повеќе од половина од испитаниците се изјаснуваат дека банката има стратегија за дигитализација, што значи дека банките го следат трендот на дигитализација на финансиските услуги, кој особено се засили со појавата на пандемијата. Сепак, според одговорите на испитаниците, дигитализацијата на финансиските услуги и ЕУ регулативата се посочуваат како области за кои тие имаат потреба од дополнителни познавања. Најголем дел од испитаниците сметаат дека во наредниот среднорочен период би преовладувале ризиците поврзани со КОВИД-кризата и ризиците од макроекономското окружување.

Клучни зборови

  • Анкета
  • банкарски систем
  • надзорни одбори
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk