Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

Во Маврово се одржа втората хронометар велосипедска трка Halk Velo Green во организација на Халкбанк

8 сеп. 2021 г.·5 мин читање·2626 прегледи

Следете не на Viber

Никола Лефков во машка и Анета Антовска во женска конкуренција, како и Ицко Димитриевски и Елена Петрова се годинешни победници во втората хронометар велосипедска трка Halk Velo Green што во организација на Халкбанк АД Скопје се одржа во Маврово.

Лефков и Антовска се најдобри во категоријата ПРО во која се натпреваруваа членови на клубови од Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но и сите оние кои се чувствуваа подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти. Димитриевски и Петрова се победници во категоријата ХОБИ наменета за оние кои рекреативно се занимаваат со овој спорт. Во категоријата ПРО второто и третото место во машка конкуренција им припадна  на Даниел Јаковлески и Милан Нацевски, а во женска на Дуња Иванова и Андријана Анастасоска. Во категоријата ХОБИ второ и трето место кај мажите освоија Александар Здравев и Владимир Стојановски, а кај жените Александра Танасовска и Лидија Мано Илиев.

Годинава за првпат се организираше натпревар за најмладите – ПРО Кидс каде во машка и женска конкуренција се натпреваруваaа деца од 6 до 12 години и млади од 13 до 17 години. Најдобри мали велосипедисти во машка конкуренција беа Константин Костоски, Бобан Јаневски и Марио Брезовски кои ги освоија првите три места, а во женска најбрзи беа Јана Ѓорѓиевска, Тија Кукунешоска и Калина Ложанкоска. Кај младинците првите три места им припаднаа на Андреј Маџоски, Валентино Петковски и Филип Пандазиев во машка, односно на Ева Здравева, Магдалена Станковска и Олса Орани во женска конкуренција.

На хронометар трката  секој учесник стартуваше на секои 15 секунди. Мерењето на времето се вршеше со чипови, кои им беа доделени на учесниците пред почетокот на натпреварот. Покрај чиповите, секој учесник доби и подарок од организаторот и пријателите на трката, фотографии од трката, медал и  диплома за завршената трка.

Трите најдобри велосипедисти во секоја од категориите освоија вредни парични награди обезбедени од Халкбанк. Во категоријата ПРО и во машка и во женска конкуренција, најдобрите добиjа парична награда од 30.000 за прво место, односно 20.000 и 10.000 денари за второ и трето место. Во категоријата ХОБИ наградите изнесуваа 12.000, 6.000 и 3.000 денари соодветно. Парични награди во износ од 3.000, односно 2.000 и 1.000 денари добиjа и најдобрите во двете детски категории и истите на децата ќе им бидат уплатени на детска штедна книшка од Халкбанк.

Дополнително, вредни награди обезбедија и поддржувачите на трката, a признанија и награди од спонзорите добија и учесниците во трите возрасни категории 40-49, 50-59, 60+ години.

Трката Halk Velo Green  е дел од платформата HalkEco на Халкбанк чија цел е поттикнување здрави животни навики и придонесување за подобра животна средина. И годинава средствата собрани од котизациите од пријавите за трката ќе се искористат за пошумување на површини во земјата.

 

Клучни зборови

  • HALK VELO GREEN
  • халкбанк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk