Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ГАЗИ БАБА Е ПРИЧИНАТА: Во август издадени за 50 проценти повеќе одобренија за градба

13 окт. 2021 г.·1 мин читање·1270 прегледи

Следете не на Viber

Вредноста на објектите повисока за скоро 100 отсто.

Во август се издадени 276 одобренија за градба што е за 50 проценти повеќе во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите е 6.248.028 илјади денари што е за 96,9 проценти повеќе во однос на минатата година.

– Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во референтниот месец се издадени одобренија за градење на објекти од високоградба со поголеми вредности, конкретно резиденцијални објекти за домување во Општина Гази Баба, појаснуваат од Државниот завод за статистика.

Најголем дел од издадените одобренија или 147 се наменети за објекти од високоградба, 47 се за објекти од нискоградба и 80 одобренија се за реконструкција на објекти.

Кај 158 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 118 инвеститори се компании.

Во овој период предвидена е изградба на 1.582 стана со вкупна корисна површина од 110.541 м2

Клучни зборови

  • одобренија за градба
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk