Ова лето особено се вжештија цени на сместувањата во Грција. Како и да се оди, во приватен аранжман, или преку агенција, само за сместување во шпицот на сезоната, односно во првата недела на август, за оваа дестинација треба да се издвои значајна сума на пари. Од Грција, поскапа е Хрватска, но таа е и помалку посетувана од македонските граѓани. Што се однесува до Црна Гора, пристојни цени има на југот – во Улцињ, а потоа се „вжештуваат“ нагоре, по текот на крајбрежјето. Во Албанија се најниските цени.
Ова го покажува виртуелната прошетка низ сместувачките хотели што ја направи порталот „Пари“ корисетејќи ги податоците на Букинг. Побаравме понуди за 6 ноќи, односно од први до 7 август, за двајца возрасни со две деца – едно на 5 години и друго на 14 години.
Грција
Аранжманите за Грција, за првата недела на август, низ туристичките агенции се речиси распродадени. Има по некој…