Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Ворен Бафет ја напушти Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, но остава 4,1 милијарда долари

25 јун. 2021 г.·2 мин читање·876 прегледи

Следете не на Viber

Милијардерот Ворен Бафет вчера поднесе оставка од функцијата повереник на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, една од најголемите приватни добротворни организации во светот, откако донираше уште еден дел од своите акции во Беркшир Хатавеј, вреден 4,1 милијарди долари, за филантропски цели.

Од 2006 година, Бафет плаќа годишни придонеси за пет добротворни организации, како дел од неговиот план да сподели околу 99 проценти од неговото нето богатство со филантропски организации.

„Со вчерашната дистрибуција од 4,1 милијарди долари, јас сум на половина пат“, рече Бафет во изјавата, пренесе Ројтерс, додавајќи дека легендарниот бизнисмен не објаснил зошто го напушта одборот на Фондацијата на Гејтс во моментот, но изразил поддршка за сегашниот извршен директор.

Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, ко-основачи на фондацијата, поднесоа барање за развод во мај по 27 години брак, но ветија дека ќе ја продолжат нивната заедничка филантропска работа во борбата против сиромаштијата и болестите.

„Со години бев повереник, неактивен управник, само на еден примател на моите средства, фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Сега се повлекувам од таа позиција, исто како што направив во сите други одбори на компанијата, освен Беркшир”, истакна Бафет.

Минатата година Бафет објави дека ги донирал своите акции во Беркшир во вредност од над две милијарди долари на Фондацијата Гејтс, како дел од неговиот претходно објавен план да го донира целото свое богатство пред неговата смрт, додава британската агенција, пренесе Танјуг.

Клучни зборови

  • Бил и Мелинда Гејтс
  • Ворен Бафет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk