Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Внимание за заштита на лични податоци – Известува СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје

21 окт. 2019 г.·1 мин читање·426 прегледи

Следете не на Viber

Стопанска Банка АД Скопје известува дека од неовластена електронска адреса stopanska.banka@gmail.com регистрирани се обиди да се приберат лични податоци за клиенти на Банката.

Стопанска банка НЕ КОРИСТИ gmail адреси за контакт со клиентите и Банката НИКОГАШ нема да побара преку линк на e-mail да внесете лични или финансиски осетливи податоци.

Од банката повикуваат на зголемена внимателност на клиентите и доколку сте испратиле лични или финансиски податоци на линкот во лажниот допис, Ве молиме обратете се до Министерство за внатрешни работи (Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика) како и информирајте ја Банката со цел заштита на Вашите банкарски податоци.

Овој вид на измами се зачестени и преку лажни Facebook профили, лажни e-mail адреси и други дигитални канали за комуникација, но Банката будно ги следи и известува за евентуалните нерегуларности со цел максимална заштита на своите клиенти.

Повторуваме, Банката НИКОГАШ нема да побара да внесете лични или финансиски осетливи податоци преку линк испратен на e-mail или СМС.

Бидете внимателни и секоја сомнителна комуникација пријавете ја до нивниот 24/7 контакт центар на телефонскиот број (02)3100 109.

Клучни зборови

  • лажни профили на социјални мрежи
  • лажни-емаил-адреси
  • лажни-емаил-пораки
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk