Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Влијателниот „Економист” во редакциска колумна ја повика Кристалина Георгиева да се повлече од функцијата директор на ММФ

24 сеп. 2021 г.·2 мин читање·2002 прегледи

Следете не на Viber

Престижниот лондонски финансиски магазин „Економист” ја повика директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, да се повлече од функцијата поради нејзината улога во скандалот со манипулации со податоци поврзани со Кина, додека таа се уште беше во Светската банка.

Според изданието, тој скандал го поткопал влијанието на ММФ.

Влијателниот магазин во жесток едиторијал истакнува дека наодите од надворешната истрага според која Георгиева извршила притисок врз службениците да ја сменат позицијата на Кина во рангирањето на „Дуинг бизнис” во 2017 година, ја компромитираа способноста на ММФ да биде чувар на податоците за светските макроекономска статистика.

„Шефот на ММФ мора да биде непристрасен, додека двајца од неговите најголеми акционери, САД и Кина, се во спротивност едни со други во новата ера на геополитичко ривалство”, пишува Економист, додавајќи дека критичарите на мултилатерализмот веќе се повикуваат на наодите како доказ дека меѓународните организации не можат да се спротивстават на Кина.

„Следниот пат кога ММФ ќе се обиде да игра улога на арбитер во валутен спор или да помогне во презакажувањето на долг на држава позајмена од Кина, критичарите на фондот сигурно ќе се повикаат на оваа истрага за да ја поткопа довербата во институцијата. Ете зошто Георгиева, почитуван службеник во неколку меѓународни институции, мора да поднесе оставка”, се вели во уводникот на редакцијата.

Клучни зборови

  • Економист
  • Кристалина Георгиева
  • ММФ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk