Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Вицегувернерката Нацевска: Се забележува нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити

4 ное. 2022 г.·2 мин читање·916 прегледи

Следете не на Viber

Потребно е време за соодветни ефекти од затегнувањето на монетарната политика, особено ако истото се одвива постепено, во услови на отсуство на значителни притисоци на страната на побарувачката и во насока на задржување на стабилноста. Сепак, веќе во последните месеци, може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели во интервју за Банкарство.мк, вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска.

Таа истакнува дека за одржување на среднорочната ценовна стабилност, којашто е впрочем целта, централните банки на скоро сите економии во светот работат на стабилизирање на инфлациските очекувања предизвикани од тековната глобална криза, преку затегнувањето на монетарната политика, односно со покачувањето на основната камата, со што делуваат врз притисоците од страната на побарувачката. Обезбедувањето на ценовната стабилност е клучно за одржувањето на макроекономската стабилност и за поддршка на економскиот раст.

„Целта на овие политики е да се закотват пред сè инфлациските очекувања. Целиот процес се води постепено, анализирајќи ги детално сите податоци и движења во светски рамки и дома и имајќи ја како приоритет макроекономската и финансиската стабилност. Банкарскиот сектор е стабилен, соодветно капитализиран и овозможува соодветна поддршка на приватниот сектор“, посочува Нацевска.

Во интервјуто Нацевска посочува дека зголемувањето на основната каматна стапка е дополнето и со мерки за промени во системот на задолжителна резерва, заради поттикнување на денаризацијата, односно штедењето во денари, преку просторот којшто им се остава на банките за да можат да понудат поповолни каматни услови за денарските депозити. Вицегувернерката во интервјуто ја нагласува и сигурноста што за економските субјекти и за населението ја нуди долго применуваната стратегија на стабилен номинален курс на денарот во однос на еврото, за што Народната банка и натаму ќе се залага.

„Мерките со корекција на задолжителната резерва заради поголема денаризација и повисоки каматни стапки за денарски депозити би придонесле за зголемено штедење во денари. Се очекува дека на среден рок ќе продолжи трендот на раст на депозитите“, вели вицегувернерката и посочува дека заклучно септември растот на депозитите во изнесува 3,4% на годишно ниво, раст кој главно се должи на растот на депозитите кај секторот домаќинства од 5,3%.

Клучни зборови

  • вицегувернер
  • Емилија Нацевска
  • каматни стапки
  • Народната банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk