Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Високите критериуми на Меѓународната организација за стандардизација (ISO) во основата на бизнис – стратегијата на „Брако“

25 јан. 2022 г.·3 мин читање·139 прегледи

Следете не на Viber

Со имплементирањето на ISO стандардите во производствените процеси, со опсег на сертификација: развој и производство на жичани производи, производи од метал, медицински мебел, машини за чистење надворешни површини, „Брако“ директно одговара на високите критериуми и барања од меѓународната организација за стандардизација (ISO).

„Со имплементација на ISO9001:2015, ISO14001:2015 и ISO45001:2018, „Брако“ сигурно и долгорочно ги исполнува барањата и очекувањата на клиентите ширум светот, како и на сите заинтересирани страни. Сертификатите за релевантните стандарди се добиени врз основа на имплементираниот интегриран систем за управување со квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа. ’Брако’ ефикасно ги спроведува, одржува и работи на нивно постојано подобрување: „во насока на подобрувања во оваа област последна активност се спроведените обуки за тимот одговорен за квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа за интерни проверувачи за стандардот ISO45001. Исто така, обуки за имплементација и работење според ISO45001 добија и членовите на комитетот за БЗР на ’Брако’, велат од Одделот за Квалитет.

Со овие ефективни алатки за поддршка на развојните цели на компанијата, конкретно, со воспоставувањето на системот за управување со квалитет во компанијата се утврдени влезните елементи во процесите и производите, почнувајќи од фазата на проектирање и развој, вклучувајќи производство, контрола, маркетинг и продажба.

И токму во основата на економскиот натпревар од страна на компанијата, освен инвестициите во најсовремена технологија, технолошки иновации, брзата реакција на промените наложени како од пазарот така и од конкуренцијата, се и овие воспоставени принципи на управување со квалитетот. Тие влијаат и врз растот на продажбата, подобрувањето на конкурентската позиција и ефикасноста на продуктивноста.

ISO 9001  се заснова на голем број принципи за управување со квалитет, вклучувајќи силен фокус на клиентите, мотивација и посветеност на врвниот менаџмент, процесен пристап и постојано подобрување.

ISO 14001:2015 ги специфицира барањата за систем за управување со животната средина што една компанија  може да ги користи за да ги подобри своите еколошки перформанси. Со имплементирањето на барањата на овој стандард  „Брако“ на систематски начин управува со своите еколошки одговорности.

Со воведувањето на ISO45001:2018 „Брако“ одговорно работи на можностите за подобрување на безбедноста на работните места преку идентификување на ризиците од специфичните работни процеси во однос на безбедноста и здравјето на вработените и имплементација на мерки за подобрување и заштита, како клучна цел и приоритет во управувањето.

 

ПР Објава

Клучни зборови

  • ISO
  • ISO стандарди
  • Брако
  • стандардизација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk