Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Вирџин галактик“ продаде уште 100 билети за вселенски патувања

11 ное. 2021 г.·2 мин читање·790 прегледи

Следете не на Viber

„Вирџин галактик“ продала околу 100 билети на заинтересирани вселенски туристи последниве месеци. Откако основачот на компанијата Ричард Бренсон полета во Вселената летово, компанијата ужива невиден интерес за вселенскиот туризам. Првите следни комерцијални вселенски летови се очекува да почнат до крајот на 2022 година, соопшти компанијата.

Сегашната цена за место во едно од леталата е 450.000 долари – многу повисока од 200.000 – 250.000 долари, колку што платиле околу 600 клиенти од 2005 до 2014 година. Вкупно, компанијата веќе продала 700 билети.

– Влегуваме во период на подобрување на „вселенската флота“ со јасна визија за зголемување на издржливоста, доверливоста и предвидливоста на нашите летала како подготовка за комерцијални летови следната година, рече извршниот директор Мајкл Колгласер. – Побарувачката за вселенски патувања е многу голема и ги продаваме билетите многу побрзо од очекуваното.

Основана 2004 година, „Вирџин галактик“ се претставува како агенција за вселенски туризам. Во септември доживеа критики, откако Федералната управа за воздухопловство (ФАА) откри дека летот во јули отстапил од определениот воздушен простор и фирмата „не ја пријавила незгодата“.

Во октомври, од „Вирџин“ соопштија дека ја одложуваат мисијата со членовите на италијанските воздухопловни сили за неколку месеци. Денес е во тек процес на подобрување на леталата.

Клучни зборови

  • Вирџин Галактик
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk