Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

(ВИДЕО) Трајковска: Недостатокот од кадар да се надмине со нови образовни програми

2 јул. 2021 г.·2 мин читање·672 прегледи

Следете не на Viber

Организацијата на работодавачи заедно со Синдикатите и со Владата го сочинуваат економско-социјалниот Совет. Во тој Совет се носат сите одлуки кои ги засегаат и работодавачите и и Владата и Синдикатите, односно вработените. Врел костен во раката има и Владата и работодавачите да се приклучат кон интересите на вработените. Постојано разговараме, преговараме, но на крајот мора сите да бидат задоволни, изјави во Утрински брифинг Владанка Трајковска, управител на „Раде Кончар“ и претседател на асоцијација на работодавачи.

-Сметам дека и тоа како премиерот Заев го интересира бизнис заедницата и како размислуваат луѓето кои директно го полнат буџетот на оваа држава.

-Секој кој е во бизнисот во одреден момент во време на пандемијата, размилуваше дали треба да застанеме и да покажеме многу поголема храброст и да продолжиме понатака. Работиме без престан од почетокот на пандемијата, ниту еден ден не застанавме, имавме добри резултати.

-Зум комуникацијата е новина за сите нас. Во прв момент ни створи сериозен отпор. Сметам дека таа треба што поскоро да заврши, не можеме да покажеме колку ние имаме интерес за некоја соработка, нов партнер и тој да може да ги види нашите размислувања, можности во работењето, вели Трајковска.

-Ако до скоро баравме нов кадар, немаше едуциран кадар, соодветен за производствените структури, сега се соочуваме постоечкиот кадар да го задржиме во напите компании. Интересот, отворените граници им дозволува луѓето да размислуваат час поскоро да ја напуштат државата. Работодавачите се соочуваат со сериозен проблем во овој момент. Има дисторизија во работењето, преземење на кадар помеѓу работодавачите, недоволно едуциран кадар што потекнува од средното, високото образование, додава Трајковска и вели дека еднаш засекогаш образованието треба да го слушне гласот на работодавачот, што на работодавачот во моментот му недостасува како кадар и да ја создаде програмата за потребите на работодавачот во корелација со истиот.

Целиот разговор со претседателката на Асоцијација на работодавачи, Владанка Трајковска, погледнете го во видеото:

Извор: Слободен Печат

Клучни зборови

  • Владанка Трајковска
  • раде кончар
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk