Вечерва среќник ќе се опари со 50.000 евра од скенирање фискални сметки
Borjan1 мин читање
Една од двете главни награди од по 3.000.000 денари, од наградната игра „МојДДВ“ треба да биде доделена вечерва.
Досега беа извлечени 30 добитници на награди од по 100.000 денари, а секојдневно се доделуваат награди од по 1000, 2000 и 3000 денари.
Наградите се влечат електронски, известувањето се добива веднаш по скенирање на сметката. На месечно ниво предвидено е доделување на 15 награди по 100.000 денари, а освен денешната награда, уште една главна награда треба да биде извлечена на 19-ти декември 2020 година.
За една година предвидени се вкупно 3.852 награди и тоа 1.468 награди по 1.000 денари, 1.101 награда по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари, 180 награди по 100.000 денари и 2 награди по 3 милиони денари.