Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Велосипедските фанатици се на потег, започнаа подготовките за втората Halk Velo Green велосипедска трка

16 јул. 2021 г.·4 мин читање·2368 прегледи

Следете не на Viber

Сите вљубеници во велосипедизмот, оние кои професионално се бават со овој спорт, но и оние кои секојдневно го користат велосипедот како превозно средство или како средство за рекреација, имаат можност да ја проверат својата физичка кондиција, но и да се забавуваат и да уживаат во природата на преубавото Маврово доколку се пријават на втората хронометар веосипедска трка Halk Velo Green која и годинава, на 8 септември ја организира Халкбанк. Пријавувањето на учество во трката веќе е започнато и ќе трае до 31 август, односно до моментот кога ќе се исполни предвидениот број од најмногу 500 учесници.

За сите што ќе се пријават до 31 јули, котизацијата изнесува 800 денари, за пријавите од 1 до 15 август – 1000 денари, а за пријавување од 16 до 31 август – 1200 денари. На секој  учесник  му следува стартен пакет со чип, освежување, онлајн диплома, бесплатни фотографии од трката (Pic2Go), подарок од пријатели на трката, осигурување од несреќен случај за времетраење на трката, како и медал за завршена трка. Собраните средства од котизациите, и годинава повторно ќе се искористат за набавка на садници за пошумување на одредени површини во земјава каде што има потреба за истото. Собраните средства од ланската хронометар велосипедска трка беа искористени за набавка на 8000 дрвја со кои е извршено пошумување во Свети Николе.

И во годинешнава Halk Velo Green ќе се вози рута во должина од 22 км во правец Бистра – Леуново – Бистра, а учесниците и овојпат ќе се натпреваруваат во категориите ПРО и ХОБИ и тоа во машка и во женска конкуренција, со тоа што годинава за првпат се воведува и категорија ПРО Кидс за деца и младинци.

Категоријата ПРО ги опфаќа сите оние кои се членови на клубови во Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но во неа можат да возат и сите оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти. Категоријата ХОБИ е наменета за велосипедистите кои рекреативно се занимаваат со овој спорт. Во ПРО Кидс, во машка и женска конкуренција, ќе се натпреваруваат и млади од 13 до 17 години, како и деца од 6 до 12 години за кои трката ќе биде во должина од 12 километри.

Трката ќе се вози хронометар, односно секој учесник ќе стартува во определено време. Стартот на трката ќе биде на големиот паркинг пред спортската сала, а на истото место ќе биде и целта. Ќе се вози до пред Хотелот Радика каде се врти полукружно и потоа се враќа назад по истата патека. На неколку места на патеката ќе има судии кои ќе се грижат за регуларноста на трката.

Халкбанк натпреварувачите ќе ги мотивира и со вредни награди. Во категоријата ПРО и во машка и во женска конкуренција, најдобрите тројца ќе добијат парична награда во износ од 30.000 за прво место , односно 20.000 и 10.000 денари за второ и трето место. Во категоријата ХОБИ наградите се во износ од 12.000, 6.000 и 3.000 денари за прво, второ и трето место соодветно. Награди се предвидени и за најдобрите во двете детски категории и се во износ од 3.000, односно 2.000 и 1.000 денари и истите на дечињата кои ќе остварат најдобри резултати ќе им бидат уплатени на детска штедна книшка од Халкбанк.

Халкбанк АД Скопје се надева дека сите оние кои ќе земат учество во настанот покрај спортскиот дух и можноста за победа и освојување на вредна награда, ќе бидат водени и од крајната цел – придонес во зголемување на зеленилото во земјата преку пошумување и промовирање на здрави животни навики и здрав животел стил. Затоа, доколку сте вљубеници во велосипедизмот, испланирајте како убаво да го поминете неработниот ден, 8 септември. Пријавете се на www.smartrace.club и дојдете во Маврово на Halk Velo Green.

Клучни зборови

  • HALK VELO GREEN
  • Халкбанк АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk