Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Веб Фактори го зајакнува лидерскиот тим именувајќи го Илија Лалковски за Извршен Директор

3 фев. 2022 г.·3 мин читање·1952 прегледи

Следете не на Viber

Македонската ИТ компанија, Веб Фактори го соопшти назначувањето на новиот Извршен Директор, Илија Лалковски. Поставувањето на извршен директор игра клучна улога во стратегијата за раст и развој на Веб Фактори, која успешно делува на интернационалниот пазар од 2009та. Веб Фактори е домашна ИТ компанија посветена на развој на софтверски решенија и им овозможува на малите и средни претпријатија да се издвојат од конкуренцијата со иновативни дигитални решенија.

Илија Лалковски, еден од четворицата основачи на компанијата, е дипломиран инжинер на ПМФ со бронзена медаља од Македонската Информатичка Олимпијада и своевремено дел од топ 5 македонски програмери на Балканската Информатичка Олимпијада. Во изминатите 12 години, како дел од основачкиот тим на Веб Фактори, Илија ги дефинираше основите на повеќе департмани во компанијата, како во бизнис така и во технолошките тимови. Основач е на AI департманот во Веб Фактори, и од изминатата година дел е од работната група чија цел е креирање на првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во државата.

Со оваа позадина, и докажаното искуство во развој на бизнис, зголемување профитабилност и градење конекции, Илија е совршениот кандидат за оваа позиција земајќи ги предвид неодамнешниот влез на Веб Фактори на јапонскиот пазар, како и растот на компанијата во Македонија.

“Задоволство ни е да му посакаме добредојде на Илија на позицијата Извршен Директор” се изјасна останатиот дел од основачкиот тим, Тодор Панев, Стефан Трајковски и Михајло Штерјов. “Илија има заслужно место во индустријава и поседува репутација на оформен лидер кој има практичен пристап кон бизнисот. Очекуваме возбудлив период. Уверени сме дека Илија ќе го донесе вистинскиот спој на вештини и знаења за да го зајакне тимот на Веб Фактори во следното поглавје од нашата приказна“.

За Веб Фактори:

Веб Фактори, македонска компанија за развој на софтверски решенија, им овозможува на веќе постоечки компании и стартапи да постигнат деловна ефикасност преку напреден сет на решенија и услуги. Компанијата им помага на своите клиенти да постигнат дигитална трансформација преку развој на софтвер, развој на веб и мобилни апликации, UX/UI инженерство, AI/ML, дизајн на системска архитектура, стратегија и развој на производи, ИТ консалтинг, поддршка и одржување, сето ова дизајнирано и развиено од тим на инженери искусни во сложениот развој на целосен систем.

Со 12+ годишно искуство во трансформирање на идеи во ефикасни дигитални решенија, Веб Фактори ја заслужија  довербата на 50+ клиенти низ Јапонија, САД, Канада, Австралија и Европа. Портфолиото наВеб Фактори вклучува 100+ проекти во ФинТек индустријата, здравството, угостителството, забавниот сектор, банкарството како и индустријата на човечки ресурси и регрутирање.

Посетете не на www.webfactory.mk

ПР Објава

Клучни зборови

  • Веб Фактори
  • Вештачка интелигенција
  • Илија Лалковски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk