Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен РазвојЛични Финансии

Вашиот бизнис мора да биде подобар

26 мар. 2020 г.·3 мин читање·895 прегледи

Следете не на Viber

Како еден претприемач вие градите нешто што ќе има вредност за вашите напори. Креирате ентитет, жив организам со свој сопствен живот.

Тој систем ви овозможува да се насочите на подобрување на бизнисот додека истиот ви овозможува финансиска слобода да си го живеете животот од соништата.

Значи, вие креирате организациски систем кој прави разлика во светот преку испорака на вредност до вашите купувачи. Тоа значи дека вие и вашиот бизнис сте во една спрега помеѓу вас како претприемач и вашите купувачи од кои ќе зависи бизнисот и секако кои преку вашиот бизнис ќе овозможат реализација на вашите лични цели.

Разгледајте ја формулава подолу:

N х (подобрувања) = успех на бизнисот

N е број на луѓе на кои вашиот бизнис им го подобрува животот. Значи со повеќе луѓе кои го користат бенефитот од подобрувањето што вашиот бизнис им го овозможува ќе значи и поголем успех на бизнисот.

Добро, можеби сметате дека имате уникатен пазар во кој само вие нудите нешто вредно, па целиот свет мора да купува само од вас. Но, реалноста не е таква. Мора да се освестите. Кога постои пазар, кога постои можност на тој пазар и кога од некого ќе биде препознаена таа можност, секогаш ќе се најдат уште некои кои ќе влезат во борба со вас за делење на тој пазар. Тоа е конкуренција. Таа е реалност која не смее да се заборави дури и да не постои во моментов.

За да успешно конкурирате единствениот начин е да бидете посупериорен од останатите членови на пазарот – конкуренцијата.

Но, често пати проблемот е во обидување да се биде супериорен во се. Токму тоа може да биде една од најголемите пречки на претприемачот. Не можете да бидете најдобар во се. Можете да бидете само просечен во се. Затоа и во Македонија постојат толку бизниси кои воопшто немаат своја сопствена конкурентска предност. Тие се исти. Просечни бизниси, со просечни производи и услоги за просечни луѓе.

И токму таа просечност доведува конкурентноста да се базира само на цена.

Од друга страна времето на просечни бизниси со масовен пазар помина. Се бара персонализација, се бара уникатност.

Затоа мора да ја најдете вашата најсилна страна. Тоа е нешто што тешко може да се копира, но и нешто што ќе треба да се цени од страна на купувачите. Доколку, го вложите сиот свој потенцијал токму во тие ваши силни страни, веќе не се вели дека тешко ќе може да се копира туку дека воопшто не може да се копира.

Тоа е вашата цел како еден претприемач.

Извор: Претприемач

Клучни зборови

  • бизниси
  • ковид19
  • компанија
  • Корона вирус
  • пазар
  • потенцијал
  • претприемач
  • фирма
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk