Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Валутите на пазарите во развој се на работ да го избришат својот раст во 2021

23 ное. 2021 г.·2 мин читање·1925 прегледи

Следете не на Viber

Индексот на валутата MSCI EM е само околу 0,5% помалку од нејзиниот годишен раст!

Валутите на новите пазари се блиску целосно да го избришат својот раст за оваа година, додека геополитичките ризици во Источна Европа, зголемените случаи на коронавирусот и силниот долар го испаруваат апетитот за ризик на инвеститорите.

Рубљата во понеделникот имаше најлоши перформанси во однос на доларот меѓу валутите на пазарите во развој, откако медиумите се појавија извештаи дека Русија би можела да ја нападне Украина, нешто што Москва го негира. Унгарската форинта поевтини на рекордно ниско ниво во однос на еврото поради зголемениот број на нови случаи на коронавирус.

Полската злота, пак, се тргува по најниската цена во повеќе од една деценија, откако премиерот предупреди дека мигрантската криза на границата со Белорусија е дел од „синхронизирана“ серија настани.

Загрижени за силниот долар, изгледите за инвестиции на пазарите во развој се влошуваат како што доаѓа крајот на годината. Валутниот индекс MSCI EM падна во понеделникот за 0,1%, што е само околу 0,5% за да го избрише својот раст за годината.

Притисокот за распродажба е поттикнат од растечките пазарни грижи околу Украина, Белорусија и Русија, рече Пјотр Матис, висок валутен аналитичар во InTouch Capital во Лондон. „Изгледите за пазарите во развој изгледаат предизвикувачки, бидејќи забрзувањето на инфлацијата може да ги принуди ФЕД и другите водечки централни банки да ги следат нивните колеги на пазарите во развој и да ги зголемат каматните стапки“, рече тој.

Извор: Банкометар

Клучни зборови

  • MSCI EM
  • валута
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk