Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Бучим: Не сме руска фирма

4 мар. 2022 г.·2 мин читање·5347 прегледи

Следете не на Viber

Руски капитал не е присутен во сопственичката структура на рудникот за бакар Бучим. Во интерес на вистината ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш има должност правилно да ја информира јавноста. Од 2005 година, рудникот за бакар Бучим е во сопственост на Солвеј инвестмент груп – приватна меѓународна компанија за рударство и производство на метали со седиште во Швајцарија, која што е во целосна сопственост и управувана од страна граѓани на ЕУ. Солвеј нема никаков руски капитал, појаснуваат од рудникот Бучим во врска со објавениот текст на нашиот портал  www.pari.com.mk со наслов „Топ 10 компании со руски капитал во Македонија – годишно прават приход од над 200 милиони евра“.

Како меѓународна компанија, Солвеј инвестмент груп е активна во многу јурисдикции, вклучувајќи ги Гватемала, Украина, Индонезија, Аргентина и Северна Македонија вработува стручен кадар од целиот свет вклучувајќи и од Руска Федерација. Имено, како управители на ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш се јавуваат граѓани со државјанство од Руската Федерација, но тоа не значи дека е руска компанија. Руски капитал не е присутен во сопственичката структура на Бучим, велат во демантот.

,,Истовремено и покрај фактот што Солвеј имаше инвестициски и оперативни активности во Руската Федерација, Групацијата ги прекина своите активности во Руската Федерација. Солвеј инвестмент груп ги осудува дејствијата преземени од руската влада против народот на Украина”, посочуваат од Бучим.

Клучни зборови

  • бучим
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk