Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

Бројот на исплатени штети зголемен за 15 проценти, осигуреници наплатиле 31,5 милиони евра

4 ное. 2021 г.·3 мин читање·746 прегледи

Следете не на Viber

Осигурителните компании исплатиле 35.163 штети за неживотно осигурување во првите шест месеци годинава, а од тоа осигурениците наплатиле 31,5 милиони евра односно 20 отсто повеќе од лани. Најголем раст на број на исплатени штети има кај приватно здравствено осигурување и тоа за 68 отсто во однос на истиот период лани.

Според официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), бројот на наплатените штети за неживотно осигурување во првите шест месеци годинава е за 15 отсто поголем во однос на истиот период лани. Во првите шест месеци годинава 11 осигурителни компании за неживотно осигурување на осигуреници исплатиле вкупен износ на штети од 1,94 милијарди денари, односно 31,5 милиони евра.

-Најголем раст на бројот на исплатени штети во овој период е регистриран кај приватното здравствено осигурување – класа со највисок раст во периодот на здравствената пандемија предизвикана од вирусот COVID 19. Во периодот јануари – јуни годинава се исплатени 9.144 штети покриени со договори за осигурување и тоа е за 68 отсто поголем број исплатени штети во однос на истиот период лани. За првите шест месеци осигуреници од покритија за приватно здравствено осигурување наплатиле 92,6 милиони денари (1,5 милиони евра), информираат од АСО.

Кај осигурувањето на имот, најголема класа доброволно осигурување според вредноста на вложувањата во полиси, за шест месеци се исплатени 4.022 штети. Тоа е за три отсто повеќе од истиот период во претходната година. По основ на тие штети осигурениците наплатиле 292,1 милиони денари (4,75 милиони евра).

Кај најмасовната доброволна класа – осигурувањето од незгода за првите шест месеци се исплатени 3.573 оштетни побарувања и тоа на исто ниво во однос на лани. Вредноста која осигурителните друштва ја платиле на осигуреници изнесува 249,4 милиони денари (4,05 милиони евра).

По основ на каско осигурување за моторни возила реализирани се исплати за 3.661 штета или три отсто помалку од лани. За овие штети компаниите на осигурениците исплатиле 224,1 милиони денари (3,6 милиони евра).

Како што посочуават од АСО, очекувано најголем број исплатени штети има кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност. Исплатени се 13.603 штети, односно за 19 отсто повеќе од истиот период во 2020 година. Вредноста на исплатените штети во оваа осигурителна класа за овој период изнесува 875,9 милиони денари (14,24 милиони евра).

Клучни зборови

  • Агенцијата за супервизија на осигурување
  • имот
  • исплатени штети
  • осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk