Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Бродњак: НЛБ Групација купува уште една банка во регионот!?

27 мај 2021 г.·2 мин читање·2682 прегледи

Следете не на Viber

Претседателот на НЛБ Групацијата, Блаж Бродњак, за „Танјуг” изјави дека банката има можности и потенцијал да преземе уште некоја банка во регионот, но засега е премногу рано да се зборува за овој чекор и дека за НЛБ во моментов најважно е успешно да ја заврши интеграцијата со Комерцијална банка во Србија.

Бродњак на тој начин одговори на прашањето дали НЛБ планира да преземе друга банка во регионот, но тој додаде дека НЛБ Групацијата размислува да влезе на банкарскиот пазар во Албанија.

„Засега работиме на интеграција на две банки (Комерцијална и НЛБ Белград) во Србија и сметаме дека ќе заврши до крајот на април следната година. Во меѓувреме, ние веќе размислуваме потенцијално за влез во Албанија, бидејќи на тој начин ќе станеме единствената банка што е присутна на сите шест пазари на Западен Балкан и на заедничкиот пат кон Европа“, изјави Бродњак.

На тој начин, групата НЛБ може да биде единствената што ги покрива и поддржува трговските и финансиските текови во целиот регион, нагласи Бродњак.

Тој рече дека НЛБ останува на прогнозата дека Комерцијална банка, интегрирана во НЛБ банка во Србија, ќе оствари профит од 100 милиони евра веќе во 2024 година.

„Јас сум многу задоволен и горд на начинот на кој Србија се избори со кризата. Во Србија, падот на БДП беше само еден процент, што е еден од најдобрите резултати во Европа. Значи, кризата не влијаеше толку на резултатите на Комерцијална банка. Не најдовме ништо што претходно не сме го предвиделе. Ние сме многу задоволни од таа трансакција и цврсто стоиме зад неа“, додаде Бродњак.

Клучни зборови

  • Блаж Бродњак
  • НЛБ групација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk