Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Брако“ од понеделник на саемот за жичани производи во Диселдорф

17 јун. 2022 г.·2 мин читање·1822 прегледи

Следете не на Viber

Во понеделник „Брако“ со свој штанд ќе им се придружи на најдобрите производители на жица и жичани производи на саемот „Wire“ во Диселдорф, Германија.

Очекувањата се дека презентацијата на „Брако“ на престижниот саем во Диселдорф ќе придонесе во реализирањето на целта за производство на 3.000 тона месечно, жичани производи во следните четири години.

„Наша цел, како изложувачи на ’Wire Dusseldorf’ е да ја презентираме широката палета на жичани производи по која сме препознатливи во регионот, со посебен акцент на производствената програма на најновите еколошки постројки за производство на поцинкувана жица, со кои сме многу горди и сме први во Европа,“ вели директорот на жичано производство во „Брако“, Љупчо Прентоски.

Жичаното производство е една од првите производствени програми во компанијата која континуирано се развива со низа инвестициски  активности во технолошки и просторни капацитети. Оваа програма опфаќа  производство на клинци, жарена жица, опружна жица, поцинкувана жица,  универзално жичано плетиво и бодликава жица.

На саемот кој што годинава се одржува од 20 до 24 јуни под слоганот „Join the best“ во Messe Dusseldorf свое присуство имаат потврдено повеќе од 1.300 изложувачи од целиот свет кои на простор од над 57 илјади метри квадратни ќе ги презентираат своите производи и иновативни машини за производство на жици и кабли.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Join the best
  • Wire
  • Брако
  • Љупчо Прентоски
  • саем
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk