Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

БРАКО/Грин Машинс потпиша договор со најголемата американска компанија за изнајмување на машини и опрема United Rentals

27 авг. 2023 г.·2 мин читање·3720 прегледи

Следете не на Viber

Компанијата ќерка на БРАКО, Грин Машинс и американскиот гигант Јунајтед Ренталс (United Rentals) потпишаа договор за соработка со кој американскиот партнер ќе купува возила од Македонија за потребите на своите клиенти во САД и Канада.

Јунајтед Ренталс во македонските возила препозна можност за на американскиот пазар да нуди висок квалитет кој е на ниво на светските  конкурентски компании, но со поповолна цена, како и да ја користи предноста што БРАКО и Грин Машинс произведуваат возила на водород и на струја, како и на класичен погон,  кои можат да задоволат различни потреби на клиентите при одржувањето на урбаната јавна хигиена.

Јунајтед Ренталс е најголемата компанија во САД за изнајмување на машини и опрема, рангирана е на листите  Fortune 500 и Forbes2000, котира на берзата во Њу Јорк и е една од компаниите со најголем раст во последните 25 години.

Грин Машинс веќе има своја фирма во САД, со седиште во Калифорнија, но со договорот со реномираниот Јунајтед Ренталс ќе обезбеди уште побрз пробив на квалитетните македонски возила на пребирливиот американски пазар.

Комерцијален текст

Клучни зборови

  • Брако
  • Грин машинс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk