Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

16 окт. 2021 г.·2 мин читање·1665 прегледи

Следете не на Viber

Блумберг Медија (Bloomberg Media) и МТел Свис (MTel Swiss) – радиодифузер во мнозинска сопственост на Телеком Србија, денеска го објавија договорот за создавање на првата регионална мулти-платформска мрежа за деловни информации во Југоисточна Европа, со центри во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Почнувајќи од 2022 година, Блумберг Адрија на растечката заедница на носители на деловни одлуки и идни лидери во регионот ќе ѝ понуди деловни и финансиски вести, анализи и податоци преку телевизија, печат, дигитални канали, мобилни и социјални мрежи.

За да создаде дестинација за вести, Блумберг Адрија ќе се потпира на 2.700 новинари и аналитичари на Bloomberg News во 120 земји, комбинирајќи го локалното известување со широкото покривање на светските пазари и економијата. Таа ќе вклучува преведена содржина од Bloomberg News, како и оригинално известување од наменски уреднички центри во Белград, Загреб, Љубљана, Сараево и Скопје.

„Ние во Блумберг Медија ја градиме водечката глобална медиумска компанија за деловни и финансиски содржини на повеќе платформи, обезбедувајќи проверени содржини базирани на податоци“, рече Со Канг (Soo Kang), глобален директор за медиумска дистрибуција во Блумберг. „Блумберг Адрија го проширува нашето глобално присуство кај нова публика во Југоисточна Европа, која бара премиум глобални деловни вести, кои ќе ѝ овозможат да биде добро информирана“.

„Во деловниот свет кој се менува со невидена брзина, достапноста на релевантни и точни информации и независна експертска анализа е клучна за носење добри деловни одлуки“, рече Владимир Лучиќ, главен извршен директор на Телеком Србија. „Блумберг одамна е синоним за сигурни деловни информации. Среќни сме што соработуваме со Блумберг медија и што, преку Блумберг Адрија, ќе донесеме точни и релевантни деловни вести во Македонија и на регионалниот пазар“.

Клучни зборови

  • Блумберг Адрија
  • вести
  • платформа
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk