Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Битолски Abbey Road со над 1700 тркачи: ТРЧАЈ БЕ испиша нова страница во уличниот спорт и градската култура

16 сеп. 2025 г.·3 мин читање·1209 прегледи

Следете не на Viber
Повеќе од 1700 учесници од 15 земји, еден музички концепт инспириран од The Beatles и улици исполнети со еуфорија, костими, музика и спортски дух – така изгледаше вчерашната трка „Трчај бе со Алпско 2025″, седмото издание на најорогиналната  улична тркачка авантура според многумина, во Македонија.

Годинава, како и сите претходни изданија трката доби нова тема – „Битолси”, како омаж на луѓето кои оставиле траги во Битола, а инспирирани од The Beatles, но и како симбол на битолската креативност, упорност и карактер. Широк Сокак се претвори во Abbey Road, со статисти облечени како култната четворка, 30 музички фан точки по целата патека и стотици насмевки од најмладите учесници до ветераните кои трчаат од првото издание.

„Трчај бе” е повеќе од спорт. Тоа е проект кој секој септември добива нова приказна, нов визуелен код и симболика што поврзува луѓе преку заедничко движење. Темите низ годините беа од Форест Гамп на Широк Сокак, преку трка базирана на “Битолцизми”, па сè до ланската Филм ми е да трчам со Браќата Манаки, секогаш раскажувајќи за Битола како културна сцена што постои надвор од клишеата.

Маиците годинава дојдоа со дизајн инспириран од винтиџ концертен постер, а медалите, уникатно изработени за секоја дисциплина, беа замислени како колекционерски спомени на тркачкото искуство дело на дизајнерот Мартин Цветановски. Креативата е составен дел од идентитетот на оваа трка од самите почетоци, исто важна како километражата или рекордот.

Фан точките беа вистинска сензација – со настапи на Паркети, Дина Јашари, Herzel, Flooder, BBoy, Tsar Von Time, JOSS, DJ Tanja, Мартина Пенева, Emily nas za vas, Kunich, училишните бендови од Гимназијата Јосип Броз Тито…па патеката се претвори во најголемиот фестивал во градот на отворено. Настанот кулминираше со аплаузи за победниците и енергија што ќе се памети долго.

 

Клучни зборови

  • трчај бе
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk