Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Битолска млекара со намалени цени на најпродаваните млечни производи

6 мар. 2023 г.·2 мин читање·1399 прегледи

Следете не на Viber

Битолска млекара минатата недела донесе одлука за намалување на цените на најчесто купуваните млека и јогурти од својата производна програма, за што веќе е испратено известување до малопродажната мрежа.

Намалени се цените на најпродаваните производи од портфолиото на компанијата, и тоа Битолски јогурт 2,8% 1000г, Баланс+ 1000г, УХТ Битолско млеко 2,8% 1л и УХТ Битолско млеко 2,8% со 10 витамини 1л.

„Свесни сме за падот на потрошувачката моќ на граѓаните и со оваа одлука излегуваме пресрет на потребите на нашите потрошувачи. Како лидер на пазарот, Битолска млекара е одговорна компанија и ова намалување на цените ги опфаќа токму најпродаваните млечни производи за да се постигне ефектот на намалени цени кај населението. Иако цената на основната суровина, суровото млеко, бележи значителен раст во однос на истиот период минатата година, ова намалување во моментов е одлука да се помогне на нашите лојални потрошувачи“, велат од Битолска млекара.

Од таму потенцираат дека продолжува процесот на вложување во производството, задржување висок квалитет на производите и дека и во иднина ќе се следат цените на производствените трошоци и можностите и потребите за корекција на цени.

Новите цени треба да се истакнати и во малопродажната мрежа низ државата и истите се очекува да се спроведат во текот на следните денови, по дотрошување на старата залиха на производи.

 

Клучни зборови

  • Битолска млекара
  • намалени цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk