Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Бислимовски: Од градоначалничката Арсовска зависи цената на парното во Скопје

22 сеп. 2023 г.·2 мин читање·462 прегледи

Следете не на Viber

Регулаторната комисија за енергетика нема да донесе одлука за нова цена на парното во Скопје, се додека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска не дозволи да се постави цевководот за топлинска енергија под оштетениот мост „Беласица“. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски вели дека топлинската енергија од Те – То е клучна за цената на парното и ако овој објект е надвор од системот, цената би била исклучително висока. Затоа, се додека не се постават цевките, кои се веќе купени и се на локацијата и чекаат дозвола за поставување, скопјани за парно ќе плаќаат по досегашната цена.

„Додека не добиеме цврсто уверување дека ќе се постави цевководот, нема да донесеме одлука. Доста беше заради нечии препирки, тоа да оди на грбот на граѓаните“, изјави Бислимовски денеска во Охрид.

Бислимовски не сакаше да открие дали новата цена, кога и да ја донесат одлуката за неа, ќе биде повисока или пониска од сегашната. Тој вели дека тоа ем зависи од вклученоста на ТеТо во процесот, ем и од владините субвенции на сметките. Со овие субвенции што досега се даваа, цената се држеше пониска и од сегашната цена на гасот кој на светските берзи драстично поевтини во споредба со минатата година.

„Цената на гасот во последниве три години била зголемена за 500 насто, а цената за топлинска енергија во Скопје, вклучувајќи ги субвенциите во еден период од 2,5 години, се зголемиле за 26%. Што и да се случи нема да дозволиме било какви ценовни шокови. Треба да се знае дека при носењето на оваа одлука треба да се вратат шест милиони евра назад, позајмица на владата. Дали тоа вражање ќе биде веднаш или ќе се договориме со владата дали ќе биде во период од две или три години, ќе видиме“, изјави Бислимовски кој додаде дека при одредување на цената важно ќе биде дали ќе има нови субвенции и во кој обем.

Според информации од Владата, субвенциите ќе продолжат и за новата грејна сезона.

Г.Т.

Клучни зборови

  • Марко Бислимовски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk