Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Бил Гејтс се повлече од Управниот одбор на Мајкрософт

14 мар. 2020 г.·2 мин читање·142 прегледи

Следете не на Viber

Kомпанијата „Микрософт“ извести дека ко-основачот на компанијата Бил Гејтс го напушта одборот за да се посвети на филантропијата.

Microsoft ја основа во 1975 година заедно со Пол Ален, а во управниот одбор беше од 2014 година.

Компанијата известува дека сè уште ќе ги искористува бенефитите од Гејтсовата технолошка пасија, како и неговите совети за развивање на производите и сервисите.

Гејтс ќе продолжи да соработува со компанијата како технолошки советник на Сатја Надела и останатите лидери на „Микрософт“.

„Беше огромна чест и привилегија да се работи и учи од Бил Гејтс“, истакна извршниот директор на „Микрософт“, Сатја Надела во соопштението.

Неговото место ќе го пополни поранешниот директор на „Американ Експрес“, Кенет Шено. Шено го напушта одборот на директори на „Фејзбук“, а компанијата ја потврди оваа вест во петокот. 68 годишниот Шено бил во одборот на „Фејсбук“ од 2018 година, по неговото пензионирање како канцелар на компанијата „Амекс“.

Гејтс, втор по богатство во светот, по Џеф Безос и пред Ворен Бафет според листата на Forbes од 2019 година.

Тој пред повеќе од една деценија се повлече од лидерската позиција во компанијата и отвори фондација која го носи неговото и името на неговата сопруга, Мелинда Гејтс.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се занимава со хуманитарна работа во светот, од образование до здравство и климатски прмени.

Клучни зборови

  • Бил Гејтс
  • Микрософт
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk