Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Бизнис конфедерација на Македонија создаде Центар за бизнис поддршка за поголем пристап до правни совети и едукација за компаниите

4 дек. 2021 г.·2 мин читање·1397 прегледи

Следете не на Viber

Бизнис конфедерација на Македонија (БКМ), започна со дигитализација на своето работење  преку основање на Центарот за бизнис поддршка на компаниите, којшто придонесува кон зголемување на достапноста на услугите на конфедерацијата. Платформата Центар за бизнис поддршка, достапна преку веб страницата на БКМ, нуди советување и едукација од областа на трудовата легислатива, менаџмент со човечките ресурси и менаџмент на бизнисот, и овие услуги се сега достапни 24 часа во текот на секој ден.

„Создавањето на Центарот за бизнис поддршка е, всушност, зголемување на поддршката и помошта што БКМ им ја нуди на микро, малите, средните и големите бизниси, и овозможува поголема достапност на нашите услуги. Сега повеќе од 8000 компании, наши активни членки, имаат постојан пристап до потребните документи, едукативни модули, како и информации од светските организации на работодавачи, во поглед на трендовите на деловното работење во Европа и пошироко. Дигитализацијата на голем дел од нашите услуги и ваквиот пристап на отворање кон членките, е нешто што го направивме како одговор на актуелните услови, но и воопшто од современите текови, кога бизнисите имаат потреба од брза реакција, помош и брзо решавање на различни прашања”, истакна Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија.

Центарот за бизнис поддршка претставува своевидна база каде на едно место се достапни сите правни совети и едукација потребна за компаниите. Содржи закони, прирачници и урнеци неопходни за функционирањето на една компанија како и пристап до информации од светските организации на работодавачи и на трудот во поглед на трендовите на деловното работење во Европа и пошироко. Достапни се и три едукативни модули „Иднината на работните мета“, „Дигитални бизниси“ и „Пристап до финансии“. Актуелните информации потребни за компаниите што произлегуваат од протоколите во врска со Ковид-19 се класифицирани во посебен дел.

Платформа е наменета за компании, активни членки, на БКМ, како и за одделни професионалци кои имаат потреба од информации. Пристапот до платформата е возможен преку веб-страницата на БКМ, преку кој било пребарувач, од каде корисниците се пренасочуваат до Центарот за бизнис поддршка или директно на линкот.

Платформата е создадена со поддршка на проектот на Меѓународната организација на трудот, Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија.

Клучни зборови

  • Бизнис конфедерација на Македонија
  • Миле Бошков
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk