Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Бесплатно повлекување готовина со дебитните картички од банкоматите во Шпаркасе Групацијата

8 јан. 2020 г.·2 мин читање·216 прегледи

Следете не на Viber

Од почетокот на годинава Шпаркасе Групацијата ја воведува новата поволност за клиентите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија, како резултат на проширувањето на Групацијата во земјава.

Од денес, клиентите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија ќе можат да ја користат проширената мрежа на двете банки составена од околу 120 банкомати во Република Северна Македонија, на кои ќе можат да повлекуваат готовина без провизија со дебитните картички!

Шпаркасе и Ерсте Групацијата која се состои од 49 штедни банки е една од најсилните банкарски групации во Европа и со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан, што ја прави доверлив партнер за клиентите во Република Северна Македонија. Клиентите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија можат БЕЗ ПРОВИЗИЈА да повлекуваат средства со дебитните картички од брендовите VISA и Mastercard од банкоматите на банките во Шпаркасе и Ерсте Групацијата: Erste Bank and Sparkassen (Австрија), Ceska Sporitelna (Чешка), Slovenska Sporitelna (Словачка), Erste Bank Hungary incl. Postabank (Унгарија), Erste & Steiermarkische Bank dd (Хрватска), Erste Bank Serbia (Србија), Erste Bank AD Podgorica (Црна Гора), Banka Sparkasse dd (Словенија), Sparkasse Bank dd (Босна и Херцеговина), Banka Comerciala Romana (Романија).

Локациите на кои можете да ги најдете банкоматите на Охридска банка се достапни на следниот линк, додека пак локациите на банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија се достапни на овој линк. Информацијата е достапна и преку апликациите за мобилно и електронско банкарство на двете банки.

Оваа новина е една од многуте поволности кои ќе ги почувствуваат клиентите со окрупнувањето на австриската Шпаркасе Групација во Република Северна Македонија.

Клучни зборови

  • Шпаркасе банка АД Скопје
  • Шпаркасе Групација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk