Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Бесими: Трошокот за враќање на стариот долг останат ист и со аукцијата за Еврообврзницата во март во комбинација со други финансиски инструменти

10 мар. 2023 г.·3 мин читање·718 прегледи

Следете не на Viber

Пазарот нуди различни инструменти, а трошокот или каматата е таа што дефинира кој ќе го избереме. Тоа беше одлучувачко и за нас при повторената аукција за 9-тата еврообврзница, да направиме трошокот да не биде повисок од претходната аукција, која поради технички аспекти се откажа. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во емисијата „10 Минути“ на ТВ 21.

„Граѓаните имаат право да го знаат секој детаљ. Еврообврзницата  отвори многу теми, многу аспекти. Тоа што е клучно и што секој граѓанин треба да го знае е дека на аукцијата за Еврообврзницата од 600 милиони евра во февруари, имаше трошокот за камата од 37,5 милиони евра. На аукцијата во март, која се повтори, бидејќи првата се откажа од технички причини, за Еврообврзница од 500 милиони евра и дополнителни 100 милиони евра обезбедени преку поволен заем, трошокот за камата останува ист“, рече министерот Бесими.

Посочувајќи дека Еврообврзницата се издава за враќање на стари доспеани обврски во износ од 600 милиони евра, потенцира дека во ситуацијата е постапено така што за враќање на ист износ на старо задолжување да имаме ист трошок во споредба со аукцијата од февруари. Односно, појасни, направивме комбинација  на инструменти и издадовме Еврообврзница од 500 милиони евра и останатите потребни 100 милиони евра се обезбедуваат преку заем со поволни услови.

Исто така укажа дека треба да се направи разлика помеѓу номиналната и реалната каматна стапка и дека ако се земе предвид инфлацијата, реалната каматна стапка на задолжување е минус, што е важно дека тоа на долг рок е одржливо во споредба со проектираната стапка на реален економски раст.

Според министерот ова не е едноставна операција и дека можеби не се постигнува идеалното, но се прави на најоптимален начин во турбулентни времиња на кризи. При тоа наведе дека најзначајно е кога се излегува на меѓународниот пазар да има интерес за еврообврзницата од страна на инвеститорите, што беше покажано на последната аукција кога имаше понуда од 2 милијарди евра, што беше  повеќе и од претходната аукција, што покажа дека се задржа кредитниот рејтинг и кредибилитетот на земјата.

Бесими подвлече дека важен аспект е дека ова задолжување се прави за враќање стари долгови, а дека предвидениот дефицит во Буџетот од 700 милиони евра што е наменет за капитални расходи, кои се проектирани на 800 милиони евра, ќе се обезбедат преку поволни заеми од меѓународни финансиски институции, кои исто така се поддршка за економските политики и мерки планирани во Буџетот.

Во интервјуто министерот се осврна и на потпишаниот Договор со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за реализација на значајни инфраструктурни проекти од Коридорот 8 и 10Д. При тоа посочи дека тоа е важен проект за кој во наредните пет години ќе бидат издвоени 1,3 милијарди евра, но дека се очекува позитивен придонес во растот на стапката на БДП.

Исто така, се осврна и на мерките што Владата ги презема за да се влијае врз намалување на инфлацијата, како и на реализацијата на Буџетот.

Клучни зборови

  • еврообврзница
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk