Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Бесими: Годишната заштеда за осмата еврообврзница изнесува 12 милиони евра

24 јул. 2021 г.·2 мин читање·2529 прегледи

Следете не на Viber

Со репрограмирање на каматната стапка од 3,975 отсто за еврообврзница 3 на историски најниската каматна стапка од 1,625 отсто за осмата еврообврзница, годишната заштеда по основ камата изнесува 12 милиони евра, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на својот Фејсбук.

– Успеавме да докажеме дека буџетот е ликвиден. Извршивме исплата на 500 милиони евра за еврообврзницата од 2014 година за која годишно плаќавме камата од 20 милиони евра, а со Еврообврзницата земена во март годинава каматата е осум милиони евра. Со репрограм на каматната стапка од 3,975 птсто за Еврообврзница 3 на историски најниската каматна стапка од 1,625 отсто за осмата Еврообврзница годишната заштеда по основ камата изнесува 12 милиони евра, напиша Бесими.

Ова е исклучително важно, за да создадеме јасна слика во каква кондиција е буџетот и како ги менаџираме сите пророграми што се предвидени во време на криза. Тој потенцира дека со ребалансот се зголемува поддршката за справување со Ковид (здравство, социјално загрозени категории и стопанство) и се зголемуваат капиталните расходи, посочува Бесими.

Клучни зборови

  • буџет
  • еврообврзница
  • осма еврообврзница
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk