Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Бафет предвидува: „Доаѓа нова пандемија, каква што не сме виделе досега”

11 јул. 2021 г.·3 мин читање·3253 прегледи

Следете не на Viber

Американскиот милијардер и инвестициски гуру Ворен Бафет, во неодамнешното интервју за Си-Ен-Би-Си објави дека доаѓа друга пандемија, можеби полоша од пандемијата ковид – 19.

Бафет е убеден дека, и покрај фактот дека е надмината пандемијата, светот не е подготвен за успешна превенција.

Во споменатото интервју, тој изрази загриженост дека светот не е подготвен да се справи со вонредната состојба. Бафет е уште позагрижен за економските последици од „ковид – 19“, кој најмногу ги погоди малите компании.

„Милиони мали бизниси беа страшно погодени“, рече тој.

Од друга страна, на големите компании им оди доста добро, што значи дека економското влијание е многу нерамномерно, додаде Бафет.

Во март минатата година, пандемијата затвори многу врати во економијата. Илјадници мали бизниси беа принудени да ги затворат вратите. Во меѓувреме, трговците и големите онлајн продавници ги презедоа своите клиенти. 2020 година донесе најголем пад на американскиот БДП од 1946 година.

„Сè уште не е готово“, рече Бафет.

Тој главно е загрижен за непредвидливоста, но иако ситуацијата, особено на почетокот на пандемијата, беше многу неизвесна, за повеќето луѓе и компании се покажа подобро отколку што првично се очекуваше.

Добар пример е автомобилската индустрија, која има рекордни профити. Чарли Манџер, потпретседател на Беркшир Хатавеј и долгогодишен деловен партнер на Бафет, рече дека автомобилскиот сектор создаде успех што немаше да го постигне без пандемијата. Поради затворањето на фабриките и како последица на тоа глобалниот недостиг на полупроводници, производителите на автомобили и дилерите остварија рекорден профит при повторното отворање, бидејќи продаваа автомобили дури и пред да дојдат до продавниците.

Славниот милијардер во едно интервју призна дека и самиот доживеал моменти на финансиска несигурност затоа што не знаел што ќе се случи со авиокомпаниите во сопственост на железницата BNSF Railway и NetJet

Тој рече дека најголемата лекција што ја научил од оваа павидемија е колку е слабо подготвен светот за итни случаи. Бафет е убеден дека следната, нова пандемија веќе доаѓа, но – како што изјави за CNBC – компанијата не е подготвена да се справи со неа.

„Сите знаеме дека постои нуклеарна, хемиска, биолошка и сајбер закана и дека општеството сè уште не е подготвено да се справи со тоа“, рече Бафет. Следува пандемија каква што сеуште не сме виделе досега, заклучува тој.

Клучни зборови

  • Ворен Бафет
  • ковид-19
  • нова пандемија
  • пандемија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk