Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Банките се подготвени да им помогнат на угостителите-средба НУК и Народна банка

17 мај 2021 г.·3 мин читање·1556 прегледи

Следете не на Viber

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка одржаа конструктивна работна средба со претставници на Независната угостителска комора (НУК), на којашто учествуваа и претставници од банкарскиот сектор.

На состанокот, гувернерката истакна дека Народната банка со внимание ги следи движењата во економијата и во одделните сектори, вклучително и во угостителската дејност. Таа потсети дека на почетокот на здравствената криза, Народната банка презеде регулаторни мерки со кои се обезбеди поголема флексибилност во начинот на кој банките може да им ги олеснат кредитните услови на кредитокорисниците со цел да се намали нивниот финансиски товар во услови на отежнато работење поради пандемијата. Како што беше истакнато, овие, како и другите мерки преземени од страна Народната банка придонесоа и за задржување на стабилноста на банките, но и за зајакнување на нивниот капацитетот за кредитна поддршка на стопанството, што се потврдува со солидниот кредитен раст остварен минатата година.

Претставниците на НУК ги изложија предизвиците со кои се соочуваат компаниите од угостителскиот сектор при финансирањето на нивните секојдневни активности, а имајќи ги предвид и ограничувањата во нивното работење заради мерките за спречување на ширењето на корона-вирусот. Како што посочија, забраните и ограничувањата на работното време, како и посебните препораки и протоколи за работа, кај  угостителите имаат ефект на намалување на приходите, што влијае врз нивната подготвеност за навремено и целосно намирување на нивните обврски, вклучително и инвестициските обврски.

На состанокот се заклучи дека во постојната законска регулатива не постојат пречки за банките за обезбедување реструктурирање на обврските на нивните клиенти. Од претставниците на банките беше истакнато дека угостителскиот сектор и натаму може да смета на поддршката од банките во надминувањето на последиците од корона-кризата и дека дел од банките веќе преземаат активности со кои се доаѓа до најсоодветните можности за нивните клиенти од овој сектор.

Во завршницата на работната средба беше заклучено дека иницијативата на НУК најде одзив кај Народната банка и банките, при што засега ќе се продолжи со преземањето активности на индивидуално ниво од страна на банките кон клиентите од угостителскиот сектор. На предлог на тимот на Народната банка, НУК ќе продолжи со директна комуникација со банките, а во случај на потреба, заеднички ќе организираат дополнителни средби и помеѓу банките, Комората и угостителите, заради изнаоѓање натамошни решенија за финансиска кредитна поддршка во интерес на двете страни. Во зависност од натамошниот развој на настаните, доколку постои потреба ќе се разгледа и можноста за дополнителни мерки и активности коишто ќе овозможат надминување на привремените отежнати услови на работење на најпогодените сектори.

Клучни зборови

  • банкари
  • Народна банка
  • НУК
  • помош
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk