Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Банката на Англија очекува вработените да се вратат на работа „барем еднаш неделно“

14 сеп. 2021 г.·2 мин читање·5536 прегледи

Следете не на Viber

Централната банка на Англија објави дека очекува нејзините работници да бидат присутни во канцелариите „најмалку еден ден неделно, и генерално повеќе“, во рамките на планот за враќање по пандемијата.

Како што беше истакнато, следната фаза од планот ќе започне следната недела, вклучувајќи иницијативи „насочени кон олеснување на хибридната работа“. Банката ги негираше извештаите дека се откажала од политиката „дека вработените кои веќе не се вратиле во канцеларијата, почнуваат да доаѓаат“.

Меѓутоа, она што се промени е дека „мислиме дека се уште не е вистинското време да побараме од нашиот персонал да се врати во канцеларија каде што, од повеќе причини, некои во сегашната средина може да имаат сериозни здравствени проблеми“.

Британските власти минатата недела објавија дека Велика Британија имала најмногу смртни случаи и хоспитализирани од инфекција со вирусот Ковид-19 од почетокот на март. Бројот на заразени лица се зголеми во текот на летниот период, и покрај фактот дека речиси 80 проценти од населението постаро од 16 години примија две дози од вакцината.

Централната банка посочува дека „околу една четвртина од персоналот лично ги посетил своите простории во Лондон барем еднаш минатата недела“ и дека очекуваат „тие бројки дополнително да се зголемат бидејќи новата фаза во програмата за враќање во канцеларија започнува следната недела“. Исто така, се наведува дека локациите на банките во Лидс и Дебден веќе се вратени на стапката на работа од пред пандемијата.

Клучни зборови

  • Банката на Англија
  • работници
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk