Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Банкарите ги повикаа граѓаните да ги прашуваат нив, а не да веруваат на дезинформации

8 апр. 2021 г.·3 мин читање·7187 прегледи

Следете не на Viber

Одржан е работен состанок на којшто зедоа учество претставници на банките и штедилниците и претставници на Народната банка. Состанокот беше во врска со невистините и лажните информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со банкарскиот систем, на штета на целата економија и општеството во целина.

-Поаѓајќи од значењето што го има банкарскиот сектор за секоја економија, а и за општеството во целина, тој преставува најрегулираниот дел од економското живеење. Поради ваквата поставеност и значење на банкарскиот сектор во нашата економија, во трите децении независност, овој сектор ја игра водечката улога во одржувањето на вкупната макроекономска стабилност во земјата, стекнувајќи притоа доверба од нашите граѓани и компании. Како и во годините досега, така и денес, банкарскиот сектор го преставува најздравиот дел на македонската економија и со тоа претставува јавно добро од интерес за целото наше општество, се вели во заедничкото соопштение на Народната банка и на Македонската банкарска асоцијација.

Банкарите предупредуваат дека во време кога новите технологии и интернетот даваат многу можности, за жал во голема мера се користат и за ширење лаги и дезинформации коишто ги вознемируваат граѓаните и имаат потенцијал да нанесат економски штети. Со овие предизвици се соочува и нашето општество.

-Затоа, Народната банка и Македонската банкарска асоцијација (МБА) уште еднаш сакаат да укажат на потребата од високо ниво на внимателност кога се работи за информации коишто се однесуваат на банките и штедилниците. Тука нема место за шпекулации и тенденциозни дезинформации. За таа цел, ги повикуваме медиумите секогаш, пред да објават каква било информација поврзана со банките, штедилниците и банкарскиот сектор, да ја проверат од релевантни извори, за да можат да им ја пренесат вистинската слика на граѓаните и на економските субјекти. Исто така, апелираме до граѓаните и економските субјекти мошне внимателно да ги проверуваат информациите коишто излегуваат во јавноста поврзани со банките и штедилниците, бидејќи не е во прилог на јавниот интерес создавање какви било избрзани реакции коишто покрај тоа што го одземаат времето, создаваат и дополнителни трошоци, посочуваат банкарите.

Тие апелираат до граѓаните и компаниите коишто имаат какви било прашања отворено да ѝ ги поставуваат на својата банка, на МБА или на Народната банка. Исто така, бидејќи банките се транспаренти економски субјекти, тие се обврзани и редовно објавуваат повеќе податоци за своето работење, коишто може и треба да се следат од сите заинтересирани граѓани и компании.

Клучни зборови

  • банки
  • граѓани
  • дезинформации
  • мба
  • НБ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk