Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Атлантик Група доби награда за најдобра ХР практика на годината

23 мај 2022 г.·2 мин читање·1017 прегледи

Следете не на Viber

И покрај исклучително силната конкуренција, Атлантик Група оваа година доби признание за Најдобра ХР практика на годината, во изборот на Македонската Асоцијација на Човечки ресурси (МАЧР). Оваа награда ѝ се доделува на компанијата која е оценета како најдобра во полето на човечките ресурси, која негува позитивен и продуктивен пристап на работа.

Ова е веќе вторпат како Атлантик Група е добитник на една од престижните 3 награди кои ги доделува Македонската Асоцијација на Човечки ресурси. За потсетување, во 2018 година Атлантик Група ја доби наградата за најдобар ХР Менаџер за 2017 година.

Пошироката ХР заедница во Македонија ја препозна Атлантик Група како компанија со истакната и успешна ХР практика, во конкуренција од вкупно 17 домашни компании. Доделувањето на наградите за ХР заедницата го организираше Македонската Асоцијација на Човечки ресурсти, а истиот се одржа во пресрет на светскиот ден на Човечки ресурси, кој се одбележува на 20 мај.

“Атлантик Група веќе долги години работи на стратегија на задржување на вработените, обезбедувајќи флексибилна работна средина во однос на местото, времето, и описот на работното место. Инвестира во грижа за своите вработени и нивните семејства, поттикнувајќи  лојалност и наградување на најдобрите, преку имплементирање долгорочни програми наменети за задржување на вработените”, изјави Елизабета Мирчевска менаџер за човечки ресурси во Атлантик Група.

Клучни зборови

  • Атлантик Група
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk