Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

АСО: Осигуреници наплатија 15 милиони евра од штети за првиот квартал од годинава

11 јун. 2021 г.·3 мин читање·1848 прегледи

Следете не на Viber

Граѓани, компании и институции наплатиле 15 милиони евра штети од осигурителните друштва за неживотно осигурување во првите три месеци годинава. Износот на исплатени средства за штети, покриени со осигурителните полиси, во првиот квартал годинава пораснал за 9,5 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Најмногу штета исплатиле „Триглав Осигурување”, „Сава Осигурување”, „Халк Осигурување”, „Уника” и „Еуролинк”. Според официјалните податоци на АСО, најголем раст на исплатени штети, има кај дополнителното здравствено осигурување – 92 отсто повеќе од првото тримесечие лани.

–Најголем дел од исплатените штети се однесуваат на покритија од автомобилска одговорност за што 11 компании кои осигуруваат ризици од неживотно осигурување исплатиле 8,55 милиони евра, што е за 7,6 отсто повеќе исплатени штети од истиот перод минатата година. Оваа класа осигурување е задолжителна со закон и генерира најголеми приходи за компаниите од продажба на полиси, но и најмногу обврски. Најмногу штети кај оваа класа осигурување во првите три месеци исплатиле: „Уника” 1,2 милиони евра, „Триглав Осигурување” еден милион евра, „Винер” 967.000 евра, „Халк Осигурување” 934.000 евра и „Сава Осигурување” 890.000 евра, информира Агенцијата.

Според податоците на АСО, вредноста на вкупното обештетување кое компаниите го платиле за штети на осигурен имот за овој период изнесува 1,62 милиони евра, што е за 14,3 проценти повеќе од првиот квартал лани. Најголемо учество во исплатените средства за обештетување имот има компанијата „АДОР Македонија” 353.000 евра, потоа „Евроинс” со 311.000 евра и „Сава Осигурување” со 216.000 евра.

–Во класата осигурувања од незгода за првиот квартал осигурениците наплатиле 2,1 милиони евра што е за 17 отсто повеќе исплатени средства за штети во однос на истиот период лани. Најмногу штети исплатиле: „Еуролинк” 347.000 евра, „Триглав Осигурување” 289.000 евра и „Уника” 251.000 евра, се вели во соопштението.

Како најбрзорастечка класа на неживотно осигурување, дополнителното здравствено осигурување во првиот квартал осигурениците од осигурителните друштва добиле 712.000 евра, што е за 92 проценти повеќе од 2020 година. Најмногу исплатени штети за приватно здравствено осигурување има исплатено „Еуролинк” со реализација од 262.000 евра, на второ место е „Халк Осигурување„ со исплатени 130.000 евра.

Според податоците на Агенцијата за супервизија на осигурување, најголемо учество во период од јануари до март, за осигурување неживот имаат комапниите „Триглав Осигурување” , „Сава Осигурување” , „Халк Осигурување”, „Уника” и „Еуролинк”, додека бројот на исплатени штети во првото тромесечие од оваа година изнесува 17.530, што е зголемување за три отсто во однос на минатата година.

Клучни зборови

  • АСО
  • исплатени штети
  • осигурување
  • штети
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk