Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Анѓушев на европски форум за енергија во Атина: потребни се технички решенија за енергетската криза

18 јун. 2023 г.·2 мин читање·642 прегледи

Следете не на Viber

Кризата со електричната енергија и целата енергетска транзиција може да се реши со технички решенија, а не со административни, изјави сопственикот на ФЕРОИНВЕСТ и поранешен вицепремиер за економија, проф. д-р Кочо Анѓушев, на Форумот за енергија во Атина, организиран од Енергетската заедница.

Според Анѓушев, техничките решенија треба да овозможат производството на електрична енергија од обновливи извори да биде организирано така што енергијата ќе биде достапна тогаш кога е барана и кога има потрошувачка за неа.  

Непланското градење електрани од обновливи извори, односно градење само на електрани на сонце, што е појава во регионот, но и низ цела Европа,  нема да може да ја замени електричната енергија од термоелектраните, кои во иднина треба да се напуштаат.

За да има вистинска енергетска замена, потребни се електрани на сонце, ветер, вода и биогас, како и поставување на големи батериски системи за складирање, за да може електричната енергија од обновливи извори која се произведува само во одредени периоди на денот, правилно да се распореди до потрошувачите во текот 24-те часа, порача Анѓушев пред присутните енергетски чинители од регионот и Европа, вклучително од Енергетската заедница од Виена и од Европската комисија.  

Секоја држава треба стратегиски да ги води изградбите на новите електрани, а на инвеститорите да им го олесни, некаде и законски да го реши, поставувањето на батерии за складирање на вишоците електрична енергија, и во овие делови Анѓушев го гледа придонесот на административните мерки, односно како поддршка на техничките решенија.

Клучни зборови

  • европски форум за енергија
  • Кочо Анѓушев
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk