Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ангел Анѓушев од Грин Машинс на Бизнис форум во Тирана: на команиите од регионот им треба државна поддршка за технолошки напредок и јавни набавки кои се транспарентни и конкурентни

1 окт. 2023 г.·2 мин читање·2593 прегледи

Следете не на Viber

Оперативниот директор на Грин Машинс, ќерка фирма на велешки БРАКО, Ангел Анѓушев, на бизнис форумот кој се одржа во Тирана во рамките на Берлинскиот процес, порача дека државите од Западен Балкан очекуваат економска помош и поддршка од ЕУ, но нагласи и дека самите земји треба да вложат во зајакнување на сопствениот економски сектор.

„Сите ние, властите и стопанството, во секоја од земјите, треба да погледнеме прво во нашата сопствена земја, што можеме ние самите да направиме за себе пред да погледнеме што ЕУ би можела да ни помогне.

Компании во регионот, немаат добра средина за раст, немаат доволно буџетска поддршка за инвестирање во технолошки напредни производи и постои реален недостаток на транспарентни и конкурентни процедури за јавни набавки од државните и локалните институции.

Да го дадеме приоритетот на локалниот развој и да создадеме погодна средина за раст токму овде во Западен Балкан”, потенцираше Анѓушев во своето излагање пред присутните министри за економија и финансии од регионот на Западен Балкан.

Во рамките на Берлинскиот процес, со кој оваа година претседава Република Албанија, Министерството за финансии и економија на земјата домаќин, заедно со Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ), беа домаќини на бизнис форумот кој се одржа во Тирана и ги претстави достигнувањата и предизвиците на патот на регионот кон единствениот пазар на ЕУ.

Клучни зборови

  • Ангел Анѓушев
  • Грин машинс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk