Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ангелоски: Регионалната соработка преку „Отворен Балкан” важна за иден економски развој

9 фев. 2022 г.·2 мин читање·500 прегледи

Следете не на Viber

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, г. Трајан Ангелоски учествуваше како говорник на онлајн настанот „ Економска интеграција на Република Македонија во рамки на Западен Балкан и перцепцијата на извозно ориентираните компании во РСМ за иницијативата „Отворен Балкан”.

„Отворен Балкан” е иницијатива во која членуваат Македонија, Албанија и Србија, а има за цел да го промовира и да го развива регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнис секторот. Оваа иницијатива е можност за зајакнување на регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на стоки, услуги, лица и капитал.

„ Бизнис секторот првенствено ги направи првите чекори, ги детектира слабостите а тие  се движењето на стоките, работните дозволи и движењето на капиталот. Во однос на Отворен Балкан, ние веќе имаме еден дел на Отворен балкан кој функционира а тоа е мобилната телефонија, движењето по границите со лични карти како документ за идентификација итн. Најрентабилно, најекономски најголем интерес би требало да имаме во соработката со нашите соседи. Од економската соработка во периодот 2020-2021 можеме да заклучиме дека малите земји повеќе се заинтересирани за поголеми пазари и поголемите пазари дефинитивно даваат компаративна предност да се работи и да се прошират капацитетите, со истите ресурси со мало проширување може да се дојде до поголем промет и подобри резултати. Македонија и Србија се долгогодишни партнери во стопанската соработка но сметам дека на страната помеѓу Македонија и Албанија има многу неискористен потенцијал. ” – истакна г. Ангелоски.

На настанот присуствуваа и се обратија и Претседателот на Владата на РСМ, г. Димитар Ковачевски, Директорката на Царинска управа на РСМ, г-а Славица Кутирова, Професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа и Експерт на Аналитика тинк тенк, Проф. Д-р Вели Креци, и Советник на директорот на Царинска управа, г. Анастас Маженковски.

Клучни зборови

  • Отворен Балкан
  • Сојузот на стопански комори на Македонија
  • Трајан Ангелоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk