Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ангеловска-Бежоска ‒ Милер: Мерките на Народната банка се наменети за задржување на макроекономската стабилност

7 сеп. 2022 г.·2 мин читање·832 прегледи

Следете не на Viber

И покрај предизвиците коишто ги донесе војната во Украина за глобалната и домашната економија, макроекономската и финансиската стабилност во земјава се задржаа. Ова беше заклучено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и новиот шеф за економски прашања во Амбасадата на САД во земјава, Рајан Милер. На средбата стана збор за тековните економски случувања и остварувања, како и за политиките и мерките коишто се преземаат за одржување на стабилноста.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, посочи дека новиот контекст условен од заострувањето на геополитичките тензии доведоа до изразени нагорни притисоци врз инфлацијата, а надолни врз економскиот раст. Таа наведе дека Народната банка започна со постепено зголемување на основната каматна стапка, придонесувајќи за смирување на инфлациските очекувања и за одржување на среднорочната ценовна стабилност. Народната банка беше присутна на девизниот пазар со цел да ја задржи стабилноста на курсот од почетокот на кризата со надополнување на понудата на девизи. Беа донесени и целни мерки преку промени во инструментот задолжителна резерва, заради натамошно раздвојување на стапките на задолжителна резерва од валутен аспект, со цел да се поттикне штедењето во домашна валута. Како резултат на ова, успешно се задржа стабилноста на девизниот курс.

На средбата стана збор и за економскиот раст, којшто во вториот квартал од 2022 година изнесува 2,8% и во целост се совпаѓа со проекцијата на централната банка од 2,8%. Сепак, беше посочено дека ризиците за економијата во втората половина на годината се надолни, што е поврзано со движењата на цените на енергентите на светските пазари и ефектот на пренос којшто го имаат врз домашните цени. Неизвесноста и натаму е висока и е условена од случувањата во Украина и санкциите кон и од Русија, а сè уште постојат и ризиците од нови соеви или нови бранови на ковид-19.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка внимателно ги следи и меѓународните и домашните економски движења и соодветно ги осмислува политиките коишто ги водат монетарните власти за одржување на макроекономската стабилност.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Гувернер на народна банка
  • Народна Банка на Република Северна Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk