Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска: По намалувањето минатата година, оваа година странските директни инвестиции и вкупните инвестиции бележат раст

30 дек. 2021 г.·2 мин читање·1474 прегледи

Следете не на Viber

По пандемичниот шок од 2020 година, оваа година има поповолни трендови кај странските директни инвестиции, но и кај вкупните инвестиции како компонента на БДП, посочи во интервју за Ал џезира, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

„Странските директни инвестиции се исклучително значајни за економската активност, бидејќи тие овозможуваат пристап до надворешни извори на финансирање на растот, што е многу значајно за мали економии коишто немаат доволен обем на капитал за финансирање на растот. Уште позначајно е тоа што тие позитивно влијаат врз квалитетот на растот, поради приливот на знаење и технологии коишто го носат. Минатата година, при големиот пандемичен шок, дојде до значително забавување на странските директни инвестиции кај нас. Тие изнесуваа околу 1,5% од БДП, што значи половина од она што беше стандарден износ кај нас пред пандемијата”, вели Ангеловска-Бежоска.

Таа посочува дека годинава којашто изминува, нето странските директни инвестиции забележуваат попозитивни остварувања, со 200 милиони евра во првите три квартали, што е повисок износ во однос на првите три квартали од 2020 година, кога тие изнесуваа 100 милиони евра. Се очекува дека овие трендови ќе продолжат и во натамошниот период, при очекувања за натамошен раст на глобалната економија и постабилни согледувања на меѓународните инвеститори.

Приливите врз основа на странски директни инвестиции придонесуваат за раст и на вкупните инвестиции. Гувернерката посочува дека се гледа постепено закрепнување на инвестициите, но тоа оди побавно во однос на другите компоненти од БДП, односно во просек, растот на инвестициите е околу 3,4%. Сепак, ова е позитивно придвижување, наспроти големиот пад којшто се случи во 2020 година од околу 16%. Очекуваме дека овој тренд ќе продолжи и наредната година, за кога се проектира вкупен економски раст од 3,9%.

Ангеловска-Бежоска истакнува дека пандемијата предизвика глобален шок од невидени размери и доколку не беа преземени брзи и навремени мерки од страна на носителите на политиките, шокот ќе беше уште поголем. Според процени на ММФ, во отсуство на силната реакција на монетарната и фискалната политика, во глобални рамки, падот на економската активност можеше да биде тројно посилен.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Гувернер на народна банка
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk