Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Културното наследство од македонските пари ќе им биде претставено на странски универзитети

15 јул. 2022 г.·3 мин читање·1087 прегледи

Следете не на Viber

Културното наследство прикажано на македонските банкноти ќе им биде претставено на странските универзитети на коишто се изучува македонистиката. Странските македонисти ќе можат да се запознаат и со најзначајните парични изданија произведувани на територијата на современата македонска држава коишто се дел од најголемата нумизматичка збирка во државата. Во сите странски образовни и научни центри коишто ќе покажат интерес ќе може да се одржат предавања и интерактивни презентации за македонските пари и за културното наследство, од почетокот на претстојната академска година. 

Ова беше договорено на состанокот на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојsова-Чепишевска, одржан по отворањето на изложбата „В/редности и вредности” на Музејот на Народната банка. 

„Покрај остварувањето на своите основни цели и задачи, Народната банка, повеќе од две децении вложува и во зачувувањето и афирмацијата на културното наследство. Наша определба е да го претставиме нумизматичкиот музејски материјал од нашата збирка и културното наследство коешто е пресликано на банкнотите и пред странската јавност. Затоа е важно што преку оваа соработка, културното наследство ќе биде претставено и пред новите генерации странски македонисти и слависти.” – истакна, меѓу другото, гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска.

Директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Мојсова-Чепишевска посочи дека во странските образовни и научни центри во коишто се изучува македонистиката има зголемен интерес за македонската култура. 

„Затоа, наша цел во следниов период е за сите центри да обезбедиме што повеќе материјали коишто ќе овозможат повеќе културолошки проучувања и поголема запознатост со македонската култура. Со тоа би обезбедиле услови да бидат опфатени повеќе сегменти од македонската култура и во предметните програми. Драго ни е што сега, во годината кога одбележуваме 30 години монетарна самостојност, во рамките на нашата мисија за афирмација и на македонската култура ќе бидат вклучени и македонските пари и културното наследство коешто го претставува Народната банка.” – нагласи Мојсова-Чепишевска.     

На состанокот беше договорено да се обезбедат материјали за културното наследство прикажано на македонските банкноти и за нумизматичкиот музејски материјал од територијата на нашата држава за сите странски универзитети на коишто се изучува македонистиката.

Ангеловска-Бежоска и Мојсова-Чепишевска изразија заемно задоволство од ваквата форма на соработка, напоменувајќи дека со неа се постигнува долгорочен ефект во афирмацијата на македонската култура.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • културно наследство
  • македонски банкноти
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk