Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска-Зимер: Новиот Закон за финансиска стабилност – придонес за натамошно јакнење на финансиската стабилност

18 фев. 2023 г.·2 мин читање·2497 прегледи

Следете не на Viber

Новиот Закон за финансиска стабилност придонесува за натамошно јакнење на финансиската стабилност преку формално воспоставување на Комитет за финансиска стабилност, со кој претседава гувернерот на Народната банка, а има претставници од сите финансиски регулатори. Комитетот е  надлежен за координирано следење на состојбите во финансискиот систем и преземање на активности за спречување или намалување на системските ризици. Народната банка тековно подготвува макропрудентна стратегија со која подетално ќе се утврдат макропрудентните цели, инструментите и показателите за следење на финансиската стабилност, а се очекува истата наскоро да биде донесена од страна на Комитетот.  Ова беше истакнато на работна средба на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот, Фадил Бајрами со вршителот на должност заменик-амбасадор на САД во земјава, Кристофер Зимер и Јордан Дамчевски, сениор – економист во амбасадата.

На средбата, гувернерката истакна дека Народната банка минатата година донела макропрудентна мерка насочена кон натамошно јакнење на капиталната позиција на банкарскиот систем, односно вовела противцикличен заштитен слој на капиталот од 0,5%. На почетокот на оваа година било воведено и дополнително барање за протицикличен заштитен слој на капиталот од 0,25%. Овие мерки ќе придонесат за натамошно одржување на високото ниво на капитализираноста на банкарскиот систем кое тековно изнесува 17,7% и е највисоко во последната декада. Капитализираноста е предуслов за солидна кредитна поддршка за економијата која минатата година оствари раст од 9,4%, при висок раст  на кредитирањето на корпоративниот сектор од 11,5%.

На средбата беше разговарано и за изгледите за растот на македонската економија, пришто беше констатирано дека иако со последните проекции на ММФ се подобрени изгледите за раст на економијата на ЕУ, нашиот најголем трговски партнер, сепак ризиците околу проектираната патека на растот на домашната економија остануваат и ќе зависат главно од надворешното окружување.

На крајот беше изразена заложбата за понатамошно продолжување и продлабочување на соработката.  

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Јордан Дамчевски
  • Кристофер Зимер
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk