Според финансиската анализа за работата на државните претпријатија во период од 2015 до 2019 година, 30 најголеми претпријатија основани од државата и локалната самоуправа оствариле вкупен приход од 45 милијарди денари. Просечната стапка на профитабилност за анализираните пет години изнесува шест проценти, а за 2019 година профитабилноста покажува извесно подобрување од 6.5 проценти.
Во анализата на 138 страни, што ја спроведе Центарот за граѓански комуникации, покрај генералните наоди за 30-те најголеми државни претпријатија, обработени се и податоци за секое претпријатие поединечно.
– Кај дел од претпријатијата податоците потврдуваат дека состојбите се алармантни и дека биле алармантни и претходно. Тоа што е исклучително важно е дека со ваквите темелни и експертски анализи не само што се алармираат состојбите туку самите претпријатија подлежат под ваков мониторинг, што влијае на намалување на ризицит…