Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АмЧам одржа Генерално собрание и избра четири нови членови на Одборот на директори

23 ное. 2022 г.·3 мин читање·724 прегледи

Следете не на Viber

Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам Северна Македонија) денеска го одржа своето 22-ро Генерално Собрание на кое беа избрани четири нови членови на Одборот на Директори и беше направен преглед на најзначајните реализирани проекти и активности од годината што изминува.

На Собранието се обрати Амбасадорката на САД во земјава Н.Е. Ангела П. Агелер, која во нејзиниот говор им се заблагодари на членките на АмЧам и истакна дека тие претставуваат значајна врска која ги спојува економиите на САД и Северна Македонија, и им посака успешна работа и уште многу реализирани активности со кои ќе се поддржи развојот на локалната економија и воспостави регионалната соработка, како клучен фактор за понатамошен развој на целиот регион.

Претседателот на Одборот на Директор на АмЧам, Драган Давитков во своето обраќање се осврна на важноста од насочена соработка меѓу различните чинители во државата и развојот на одржливи регионални партнерства и иницијативи: “Како бизнис асоцијација ние сме ориентирани кон градење на партнерства со владата, бизнисите и меѓународните организации, но исто така и со невладиниот сектор и донаторската заедница. Ние веруваме дека само со здружени напори, усогласени приоритети, транспарентни процеси и мерливи резултати можеме да се издигнеме над кризите кои што светот ги искусува” – рече Давитков, додавајќи дека: “ние како земја долго време зборувавме за важноста на градење мостови, а сега е времето да почнеме да преминуваме преку тие мостови и да ги оствариме зацртаните цели”.

Во работниот дел на Генералното собрание, покрај останатите тековни одлуки, повеќе од 70 членки на асоцијацијата гласаа и за избор на нови членови на Одборот на директори на АмЧам Северна Македонија. Со најмногу гласови од присутните, мандатот од две години им беше доделен на кандидатите: Андреј Петрески (Cisco), Иван Новаковски (НОВА), Ламбро Патче (Пивара Скопје) и Славко Пројкоски (Македонски Телеком).

Пред членките на асоцијацијата беа претставени и извештаи за тековното работење, а Извршната директорка на АмЧам Северна Македонија, Јелена Арсовска, менаџерот за политики Бобан Брагорски, заедно со претседавачите на секторските комисии Андреј Петрески, Фросина Гечева Кочова и Александра Ивановска, направија преглед на најзначајните проекти и активности кои беа реализирани во изминатата година и претставија дел од темите на кои ќе биде посветено значајно внимание во периодот што претстои.

Членките на асоцијацијата ја потврдија заложбата дека АмЧам Северна Македонија продолжува да работи на подобрување на општата бизнис клима во државата како доверлив партнер на компаниите, институциите и граѓанскиот сектор.

Клучни зборови

  • AmCham
  • Ангела П. Агелер
  • Драган Давитков
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk